Трите Ана

поранешно село во Солунско, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Трите Анаmap
Remove ads

Трите Ана (грчки: Στροφή, Строфи; порано Τρία Χάνια, Трија Ханија; турски: Üç Hanlar, Уч Ханлар) — поранешно село во Солунско, Егејска Македонија, денес на територијата на Општина Даутбал на Солунскиот Округ во Централна Македонија, Грција. Било населено исклучиво со Македонци.[1]

Кратки факти Трите Ана Στροφή, Земја ...
Remove ads

Географија

Селото се наоѓало во Солунското Поле, во областа Вардарија. Лежело на 2 км северозападно од Додулари, од северната страна на денешната магистрала „Егнатија“, близу местото каде патот ја пресекува реката Галик.[2]

Историја

Во Отоманското Царство

Трите Ана прво било самостојно село, а потоа станало чифлик. Ановите продолжиле да работат. Жителите се занимавале со опслужување на патниците како самарџии, потковувачи, готвачи.[2] На крајот од XIX век Трите Ана било мало македонско село во Солунската каза. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Притле Хана (Pritlé-Hana) е село со 10 домаќинства сочинети од 50 жители Македонци.[3][4]

Меѓу 1896 и 1900 г. селото прешло под врховенството на Бугарската егзархија.[5]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Трикала имало 215 жители Македонци.[3][6] Целото население на селото било под врховенството на Бугарската егзархија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Трите хана (Trité-hana) имало 40 Македонци, сите под егзархијата.[3][7]

Селото било подложено на напади од андартските чети на Гоно Јотов и Апостолис Матопулос.

Во 1905 г. Триете Ана е речиси напуштено. Во него се попишани 9 жители, кои веројатно стопанисувале со последата куќа на тоа подрачје, закупена од еврејскиот претприемач Саул Модијано.[2]

Во Грција

По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. На пописот од истата 1913 г. во селото се заведени 50 жители, а исто толку биле избројани и во 1920 г.[1] Малку подоцна Трите Ана се распандало неговите жители се преселиле во соседното Ново Село.

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads