Трново (Костурско)

село во Преспа, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Трново (Костурско)
Remove ads

Трново (Трнаа или Трнава; грчки: Πράσινο, Прасино; до 1955 г. Τίρνοβο, Тирново[2]) — село во Костурско, Егејска Македонија, денес во општината Преспа на Леринскиот округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 18 жител (2021) — сите Македонци.[3]

Кратки факти Трново Πράσινο, Земја ...
Remove ads

Географија

Селото е сместено во областа Корешта, 34 км југозападно од Лерин и исто толку северно од Костур. Лежи крај Рулска Река, во подножјата на разграноците на Бигла наречени Мокро и Лисец.[3]

Историја

Во Отоманското Царство

Селото за првпат се среќава во османлиски дефтер од 1530 г. под името Трнова со 18 семејства.[4] На крајот на XIX век Трново било македонско село во Костурската каза. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Трново (Trnovo) било село во Костурската каза со 89 домаќинства и 260 жители Македонци.[5][6] Между 1896-1900 година селото преминава под върховенството на Бугарската егзархија[7].

Црквата „Св. Ѓорѓи“ е изградена во XIX век.[8]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Трново имало 395 жители Македонци.[5][9] На почетокот на XX век речиси целото население потпаднало по Цариградската патријаршија, а по Илинденското востание во 1904 г. селото преминало под црховенството на Бугарската егзархија.[10] По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Трново имало 544 Македонци под егзархијата и работело бугарско училиште.[5][11] На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Тирново се води како чисто македонско село во Костурската каза на Горичкиот санџак со 68 куќи.[12] Според Георги Константинов Бистрицки Трново пред Првата балканска војна имало 100 македонски куќи.[5][13]

Трново пострадало од грчката вооружена пропаганда. Во мај 1905 г. Коте Христов, кој преминал на грчка страна, жестоко го претепал селскиот учител Ѓорѓи Рајков,[14] а самото село преживеало и други андартски напади, во кои се изгорени сите книги на бугарски.[15] Според Георги Трајчев во 1911/1912 г. во Трново имало 11 куќи со вкупно 109 жители.[16]

Во Грција

По Балканските војни селото е припоено кон Грција во 1913 г. согласно Букурешкиот договор, кога броело 504 жители.[3] Во 1927 г. е преименувано во Прасино, што значи „зелено“.[17] Во 1928 г. во Трново се попишани 404 жители.[3]

На пописот од 1940 г. селото имало 376 жители; во периодот меѓу Балканските војни и Втората светска војна од Трново се иселиле преку 100 семејства, претежно во прекуокеанските земји и Бугарија. Населението настрадало и во Грчката граѓанска војна, поради што многумина се отселиле во Р Македонија и источноевропските земји.[3]

Remove ads

Население

Во 129 извештај во книгата Егејска Македонија во НОБ, селото на 27 декември 1947 година било означено како чиста македонска населба.[18] Преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Стопанство

Селото важи за сиромашно. Населението се занимава со сточарство и земјоделство.[3]

Личности

Родени во Трново
  • Антон Јамовски (1928 – 1949) — комунистички деец[19]
  • Ѓорѓи Рајков (1864 – ?) — просветен и револуционерен деец
  • Јоанис Калицас (Ιωάννης Καλίτσας) — андартски деец
  • Лазо (Λάζος) — андартски деец
  • Пандо Стериов (? – 1906), деец на МРО, осуден на смрт во 1906 г. за убиство на војник[20]
  • Тодор Адамов (Θεόδωρος Αδάμ) — андартски деец, четник на Каравитис
  • Фоте (Φώτης) — андартски деец
Починати во Трново
  • Лазар Поп-Трајков (1878 – 1903) — револуционер
  • Евстатиос (Статис) Лихадиотис (? – 1905) — андартски капетан
Remove ads

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads