Тјудорска архитектура
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Тјудорскиот стил во рамките на англиската архитектура е крајната фаза на средновековната архитектура за време на Тјудорскиот период (1485–1603) и по него, за конзервативни патрони на колеџи. Овој стил следел по вертикалниот стил и, иако заменет со англискиот ренесансен стил во помодарските домови, тјудорскиот стил сѐ уште го задржал своето место во англискиот вкус. Примери се додатоците на разните колеџи во Оксфорд и Кембриџ кои и ден денес се изведуваат во тјудорски стил кој се преклопува со првите зачетоци на готската возобнова.

Карактеристичен елемент на оваа архитектура четирисредишниот свод; некои од најинзвонредните ориел-прозорци му припаѓаат токму на овој период; ѕидните украси се попроширени и лисјата стануваат понатуралистички. Како и да е, зборот „тјудорски стил“ е незгоден термин бидејќи подразбира дека се праткикувал през владеењето на Тјудорската династија и некако прекинал со доаѓањето на Стјуартите (Џејмс I) во 1603, што не е случај.
Кај црковната архитектура, главни примери се:
- Капелата на Хенри VII во Вестминстер (1503)
- Капела при Кралскиот колеџ, Кембриџ
- Св. Џорџова капела, Виндзорски замок
- старите школи во Оксфорд.
Кај домашната архитектура:
- Елтамски дворец, Кент
- Оксбуршка хала, Норфолк
- Кралски колеџ, Абердин
- Лајер Марниева кула, Есекс
- Источнобаршамска велепоседничка куќа, Норфолк
- Фордска болница, Ковентри.
- Комптон Винјејтс
- Хемптонски двор
- Монтакутска куќа (доцнотјудорска)
Во 19 век при изградбата на хотели и железнички станици се употребувала слободна мешавина од овие доцноготски елементи и елизабетанскиот стил, во преродбените стилови познати како Јакобетански и Тјудорбетански.
Тјудорските згради имаат шест карактеристични елементи -
- Декоративна дрвена конструкција
- Кос кров
- Истакнати вкрстени калкани
- Високи, тесни прозорци
- Мали прозорски стакла
- Големи украсени оџаци
Remove ads
Надворешни врски
Споредете
- Тјудорбетанска архитектура
Извори
- Оваа статија вклучува текст од објавено дело кое сега е јавна сопственост: Chisholm, Hugh, уред. (1911). Encyclopædia Britannica (11. изд.). Cambridge University Press. Отсутно или празно
|title=
(help)
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads