Турханли

From Wikipedia, the free encyclopedia

Турханлиmap
Remove ads

Турханли или Троханли (грчки: Λακκιά, Лакија; до 1927 г. Τροχανλή, Троханли[2]) — село во Солунско, Егејска Македонија, денес во општината Седес на Солунскиот округ во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 398 жители (2021).

Кратки факти Турханли Λακκιά, Земја ...
Remove ads

Географија и местоположба

Селото е сместено во северозападниот дел на Халкдичкиот Полуостров, околу 35 км југоисточно од градот Солун, во непосредна близина на патот Солун-Ерисово (ЕО16), во јужното подножје на планината Хортач, на надморска височина од 100 м.[3]

Историја

Во Отоманското Царство

Во XIX век Турханли било турско село во Солунската каза на Солунскиот санџак. Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г., во селото Турханли имало 85 жители Турци.[4]

Во Грција

За време на Првата балканска војна селото е окупирано од Бугарија, но по Втората балканска војна во 1913 г. е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година селото броело 59 жители, кои поради војните во 1920 г. се зголемиле на 101 лице.[3]

Во 1924 г. сите жители се иселени во Турција по сила на Лозанскиот договор. На нивно место се населиле 29 бегалски семејстви (вкупно 98 бегалци) од селото Дереќој во Мала Азија[5], така што селото станало бегалска населба.[3] Во 1927 година, името на селото било променето во Лакија (Λακκιά).[2]

Remove ads

Стопанство

Селото е полупланинско и прилично бедно. Населението произведува тутун, жито и други земјоделски производи.[3]

Население

Преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Самоуправа и политика

Селото припаѓа на општинската единица Царево Село со седиште во истоимената населба, која припаѓа на поголемата општина Седес, во округот Солун. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Царево Село, во кој влегува и истоименото село.

Културни и природни знаменитости

Цркви

  • Црква „Св. Димитриј“ — главна селска црква[6]

Параклиси

  • „Св. Петка“ — параклис во близина на селото[5]
  • „Св. Константин и Елена“ — параклис во близина на селото[5]

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads