Царево Село (Солунско)
гратче во Солунско, на Халкидичкиот Полуостров, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Царево Село или Василика (грчки: Βασιλικά) — гратче во Солунско, Егејска Македонија, денес во општината Седес на Солунскиот округ во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 4.115 жители (2021), од кои речиси сите се Македонци, иако од поодамна погрчени.[2]
Remove ads
Географија и местоположба
Гратчето е сместено во северозападниот дел на Халкидичкиот Полуостров, околу 35 км југоисточно од Солун, во мала котлина помеѓу планините Хортач на север и Холомонда на југ, на надморска височина од 75 м.[3]
Историја
Среден век
За време на Првата светска војна, во околината на гратчето е откриен воен натпис од IX век на кавханот Исбул.[4][5]
Околу 1 км северозападно до Царево Село, во месноста Пишона се наоѓаат средновековна кула и амам, остатоци на селиштето Пинсон (Πινσών) или Пинасонос (Πινασώνος). За постоењето на оваа населба сведочат голем број регистри на жители од XIV век. Ова село некогаш било метох на светогорскиот манастир Велика Лавра, а Царево Село на Хортачкиот манастир.[6]
Денешното село за прв пат се спомнува во манастирски документ од 1094 г.[6]
Во Отоманското Царство

Во XIX век Царево Село било гратче во Солунската Каза на Солунскиот Санџак. Тоа било најзначајно во нахијата Каламарија и од т.н. алатадски села. Подоцна гратчето станало вакаф на солунската Атик-џамија.[6]
На 9 јуни 1821 г. кај селото се случила битка помеѓу турските сили и грчки револуционери предводени од капетанот Стамат Капсас. Целото село било запалено, заедно со селската црква „Св. Ѓорѓи“.[7][8]
Според тенденциозната големогрчка статистика на Александар Синве („Les Grecs de l’Empire Ottoman. Etude Statistique et Ethnographique“) во 1878 г. во Василика (Vassiliki), Касандриска епархија, живеле 1.800 Грци.[9]
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г., во селото Василика имало 2.000 жители Грци.[10] По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Василико (Vassiliko) имало 1.500 Грци. Во селото работеле по едно основно и гимназиско училиште.[11]

Во раните 1880-ти Царевна Миладинова, ќерката на Димитар Миладинов, го посетила Царево Село за летување. За него запишала:
| „ | Така се случи една година да решиме да го поминеме летото во Царево Село (Василика) како семејство и бевме изненадени што најстарите луѓе во селото, кое во тоа време беше речиси грцизирано, сè уште го држеа своето македонско име и кога ќе им поставевте прашање на македонски - тие одговараа на нашиот добар стар јазик („ронка“ наместо рака; „зомби“ наместо заби, „гренда“ наместо гред, „домб“ наместо даб итн.), исто како блиските Киречќојлијци и Заровци, исто како и далечните Костурчани.[2] | “ |
Според извештај на на Димитриос Сарос од 1906 г. Василика е село во Камбаниската епископија со 2.000 жители со грчка национална свест. Во него работеле шестгодишно грчко училиште и четиригодишно грчко училиште со 300 ученици и 5 учители.[12]
Во Грција
По Втората балканска војна во 1913 г. Царево Село е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година броело 2.379 жители, кои во 1920 г. се намалиле на 2.280 лица.[3] Со потпишувањето на Лозанскиот договор по 1922 г. во гратчето се населиле неколку доселенички семејства (вкупно 55 бегалци) од Источна Тракија.[3][13]
Remove ads
Стопанство
Гратчето претставува стопански центар на повеќе околни села. Тука се паоѓаат и некои државпи институции, како и занаетчиски и трговски дуќани. Населението произведува овошје, тутун, жито и други земјоделски производи.[3]
Население
Преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Самоуправа и политика
Во 1918 година, селото станало самостојна општина, чиј атар зафаќал површина од 57 квадратни километри.[3] Општината Царево Село била укината во 2011 година и станала дел од поголемата општина Седес.
Селото припаѓа на општинската единица Царево Село со седиште во гратчето, која припаѓа на поголемата општина Седес, во округот Солун. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Царево Село, во кој влегува и Турханли.
Remove ads
Културни и природни знаменитости
Цркви
- Црква „Св. Ѓорѓи“ од 1821 г.[8]
Личности

Родени во Царево Село
- Атанасиос Патикас (Αναστάσιος Πατίκας) — андартски деец, четник на Атанасиос Минопулос[16]
- Атанасиос Коѕијас (1750-те – 1821) — трговец и револуционер
- Василиос Гудис (Βασίλειος Γακούδης) — андартски деец, куриер и кријач на андартите[16]
- Василиос Коѕиоглу — револуционер, учесник во Грчката војна за независност
- Василиос Патикас (Βασίλειος Πατίκας) — андартски деец и куриер[16]
- Ираклис Патикас — андартски капетан
- Јоанис Аргириу (Ιωάννης Αργυρίου) — андартски деец, соработник на Димитриос Космопулос на Халкидик[17]
- Нестор Михалакас (Νέστωρ Μιχαλάκας) — андартски деец и четник[16]
- Филипос Сарафјанос (Φίλιππος Σαραφιανός) — андартски деец[16]
- Христос Анагностудис (Χρήστος Αναγνωστούδης) — андартски деец[17]
- Христос Патикас (Χρήστος Πατίκας) — андартски деец и куриер, соработник на Димитриос Космопулос[16]
Починати во Царево Село
- Стамат Капсас (? – 1821) — револуционер
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads
