ХЕЦ Козјак

From Wikipedia, the free encyclopedia

ХЕЦ Козјакmap
Remove ads

Козјак е акумулациона хидроцентрала на долниот тек на реката Треска, југозападно од Скопје, односно на езерото Козјак. Браната и хидроцентралата „Козјак“ се наоѓаат на реката Треска, на приближно 25 километри од нејзиното влевање во Вардар, на 16 километри од браната „Матка“ и на 45 километри од Скопје. Браната Козјак е најголема и највисока брана во државата, со висина од 130 метри распон.[1]

Кратки факти Брана Козјак, Држава ...
За други значења на поимот Козјак видете на појаснителната страница
Remove ads

Изградба

Уште со среднорочниот план за развој на СР Македонија и со програмата за изградба на електроенергетски објекти 1983-1990, ХЕЦ „Козјак“ бил утврден како еден од приоритетните објекти. Претходно, во 1969 година, фирмата „Норконсулт“ од Норвешка изработила студија за регулација и контрола на реката Вардар во која била предвидена изградба на браната „Козјак“. Истражувањата на теренот за ХЕЦ „Козјак“ се извршени во неколку фази, од 1965 до 1979 година, а потоа од 1981 до 1986 година. Притоа било предвидено да се гради камено-насипна брана со глинено јадро. Врз основа на теренските и лабораториските истражувања спроведени од неколку институции (Геолошки завод – Скопје, Градежен институт „Македонија“, Електротехничкиот факултет – Скопје, Машинскиот факултет - Скопје итн.), „ЕМО“ – Охрид изработил главен проект за сите објекти на централата. На 27 февруари 1990 година, во „Енергопроект“ од Белград била извршена ревизија на целата документација за ХЕЦ „Козјак“ и било заклучено дека може да се отпочне со градба. Камен-темелникот бил фрлен на 31 август 1994 година од страна на тогашниот претседател Киро Глигоров, а првото полнење на акумулацијата се извршило во декември 2003 година.[1] Изградбата на централата била во партнерство на ЕЛЕМ и кинеската CWE (China international water and electric corporation).[2]

Remove ads

Технички податоци

Централата располага со два агрегати со францис турбини, со вкупна установена моќност од 80 MW. Првиот агрегат бил пуштен во погон на 7 јули 2004 година, а вториот на 30 септември 2004 година. Проектираното просечно годишно производство е 150 GWh. Предвидено е акумулацијата да се користи за повеќе намени. Главната улога на оваа ХЦ е да учествува во покривањето на врвовите од дневните дијаграми на оптоварувањето на електро-енергетскиот систем.[2]

Remove ads

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads