Хаме
село во Општина Дебар From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Хаме — село во Општина Дебар, во областа Горен Дебар, во околината на градот Дебар.
Remove ads
Потекло и значење на името

Името на селото првпат е забележано во XVI век (1583 г.) во турски документи како Хаме маало во Раховник, а подоцна и само како Хаме или Хомеш. Името Хомеш веројатно доаѓа од личното име Хом(е), изведено од името на христијанскиот светец Пахомие. Постои верување дека името Хаме пак доаѓа од муслиманското лично име Хамед.[2]
Бранислав Русиќ во својата книга „Дебарско Поле“ забележал дека мештаните селото го нарекувале Хаме, додека соседните Македонци го нарекувале Аме. Во преписот на Слепчанскиот поменик од страна на Бигорскиот манастир во 1863 година е наведено како Хаме, додека во 1881 година на француски јазик е запишано како Хамет (Hamett). Кон крајот на XIX век, селото е запишувано како Аме, додека во сите понови записи како „Хаме“. Селаните сепак не го знаат потеклото и значењето на името.[3]
Remove ads
Географија и местоположба
Селото се наоѓа во северниот дел на територијата на Општина Дебар, на оддалеченост од градот Дебар од околу 4 километри.[4] Селото е ридско, сместено на надморска височина од 830 метри.[4] Селото се наоѓа на југозападните падините на планината Дешат.
Кривци има заеднички селски атар со соседното село Кривци. Се смета дека за време на отоманскиот период, овој атар припаѓал на самиот град Дебар, односно на неговото Бајрамбег-Маало. Селото се наоѓа помеѓу земјиштето на Баниште на север, Горно Косоврасти на исток, Татар Елевци на југоисток, Кривци на југ и Селокуќи и Спас на запад.[3]
Месностите во атарот на селото ги носат следниве имиња: Старче Бојишта, Ров, Краста, Ѓино(в) Гроб, Орлов Камен, Свети Илија, Ливади Чаушит, Рудина, Вирои, Ливада Пашас, Секирски Камен или Гури Спита, Равен, Свети Никола, Параспор (Параспур), Песок, Постоло(а) Нива, Голем Пот или Ода Маде, Шпела, Тесен Пот или Ода Ол, Пот Клобучишки, Бозиште, Ореше, Осој, Ливада Љатова, Делениче, Стара Леска, Странца, Корија, Чифлигу и Грамадиште.[3]
До селото води локален асфалтен пат, кој се исклучува од регионалниот пат 1202.
Земјиштето на исток од Хаме е косо, планинско и варовничко, додека на запад е ниско и рамно поле, со растресита црница и црвеница.[3]
Низ селото тече потокот Прој и Река, кој не прави никаква штета дури ни кога ќе надојде, бидејќи селаните имаат засадено багреми околу неговото корито. Извира кај месноста Стара Леска. Во минатото, водата за пиење била од Голема Чешма (Чешма Маде), која се наоѓа на десниот брег на селскиот поток и од Стапанице (во горниот дел).[3]
Селото се наоѓа на осојна страна. Се состои од два краја, Мале Епр (Горно Маало) и Мале Поштер (Долно Маало), кои се раздвоени од селскиот поток. Куќите во горниот дел на селото се позбиени отколку во долниот дел. Куќите се свртени кон југ и запад и во најголем дел се од камења.[3]
Remove ads
Историја

Подрачјето на Хаме е населено уште од средниот век, за што сведочат повеќе наоѓалишта во неговата околина.[5]
Селото некогаш било скоро целосно населено од македонско население, за што говори некогашната црква „Св. Никола“, која се наоѓала под селото, околу која има видни остатоци од гробишта со дрвја. На брдото на кое се наоѓа новото основно училиште во селото, се наоѓала црква со гробишта, додека во горниот крај на селото е раскопано место Гробишта, на кое исто така имало црква со гробишта.[3]
Стопанство
Атарот на селото е заеднички со соседното село Кривци и зафаќа простор од 6,9 км2, при што преовладува обработливото земјиште со површина од 293 хектари, на шумите отпаѓаат 240 хектари, а на пасиштата 72 хектари.[4]
Во основа, може да се каже дека селото има полјоделска функција.[4]
Мештаните се занимавале со земјоделство, но и со сточарство, додека понекогаш во минатото работеле и како надничари надвор од своето село. Во селото во минатото имало три воденици, искористувајќи ја топлата вода од соседното село Баниште.[3]
Remove ads
Население
Според податоците од 1873 година во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“, селото имало 53 домаќинства со 87 жители муслимани (Македонци) и 13 жители христијани (Македонци).[6]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Хаме живееле 160 жители, сите Албанци.[7]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 250 Албанци.[8]
Во Хаме живее албанско население, коешто во 1961 година броело 228, а во 1994 година 307 жители.[4]
Пописот од 1991 година не бил целосно одржан во селото Хаме, бидејќи дел од неговото население одбило да учествува, односно го бојкотирало неговото одржување, поради што за таа пописна година, за селото нема целосни податоци.[б 1]
Според пописот од 2002 година, во селото Хаме живееле 135 жители, сите Албанци.[9]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 19 жители, од кои 4 Албанци и 15 лица без податоци.[10]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[11]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[12]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[14]
Родови
Хаме е албанско село.[3]
Според истражувањата од 1954 година, родови во селото биле:
- Албански родови:
- Староседелци: Заидовци (1 к.).
- Доселеници: Чаушовци (2 к.), доселени се однекаде во 1834 година; Карпузовци (8 к.), доселени се во 1795 година од селото Дешат кај Пешкопеја, од другата страна на границата; Љатовци или Љата (4 к.), доселени се во 1825 година од селото Влашени кај Љура во с. Албанија; Али Аговци или Хамевци (3 к.), доселени се во 1855 година од селото Брештани западно од Пешкопеја во Албанија; Дика (1 к.), доселени се како Торбеши од мијачкото село Скудриње. Овде се албанизирале мешајќи се со Албанците; Незировци (1 к.), доселени се од селото Клабучишта кај Пешкопеја; Јусуфовци (1 к.), доселени се од селото Обоки кај Пешкопеја; Стрези или Штрези (1 к.), доселени се од селото Војник кај Пешкопеја; Песјака (1 к.), доселени се од селото Песјак кај Пешкопеја; Чакалнику (2 к.), доселени се од селото Клабучишта кај Пешкопеја; Љазеровци (1 к.), доселени се од Братари во Албанија; Лаловци (1 к.), доселени се од Селиште на реката Мура, лева притока на Црн Дрим во Албанија; Аслановци (2 к.), доселени се од Дебар, таму имале роднини; Цалини (1 к.), доселени се од селото Топојани во Малесија, Албанија; Пачук или Крос (1 к.), доселени се од Дебар, каде имаат роднини и Беќири (1 к.), доселени се од селото Коњари.
Иселеништво
Покрај муслиманското население во селото порано живеело и православно население. Но тие целосно се иселиле од селото. Од Македонците се иселиле два рода, тоа биле Бекчевци и Амчевци. Некои отишле во Дебар, а други во Бугарија, во Софија.[3]
Од Албанците муслимани населението до 1954 година мигрирало во Дебар (Велијовци, 3 к., Карпузовци, 3 к., Љатовци, 1 к., Али-Аговци, 2 2 к., Стреза, 1 к., Чакалник, 3 к., Љазеровци, 1 к.), Гостивар (Карпузовци, 1 к.) и Тирана (Чаушовци, 1 к.).[3]
Remove ads
Општествени установи
- Поранешно основно училиште, кое било изградено во 1946 година и во него учеле и децата од Кривци
Самоуправа и политика
Кон крајот на XIX век, Хаме било село во Дебарската каза на Отоманското Царство.
Селото влегува во рамките на Општина Дебар, која била проширена по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото исто така припаѓало на некогашната Општина Дебар.
Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Дебар.
Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Дебарска градска општина, во која влегувал градот Дебар и селата Баниште, Бомово, Елевци, Коњари, Кривци, Рајчица, Селокуќи, Спас и Хаме. Во периодот 1950-1952 година селото било дел од некогашната Општина Баниште, во која влегувале селата Баниште, Кривци и Хаме.
Избирачко место

Селото е опфатено во избирачкото место бр. 0550 според Државната изборна комисија, сместено во простории на поранешната касарна во Дебар. Во ова избирачко место се опфатени и селата Баниште и Кривци.[15]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 301 гласач.[16] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 306 гласачи.[17]
Remove ads
Културни и природни знаменитости
- Археолошки наоѓалишта[5]
- Џамии[18]
- Џамија — селска џамија
Галерија
- Поглед на селото
- Разрушени куќи во селото
- Разрушени куќи во селото
- Селска чешма
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads