Хилеред

From Wikipedia, the free encyclopedia

Хилеред
Remove ads

Хилеред е значаен град во Данска, поточно во североисточниот дел на државата. Градот е средиште на покрајната Престолнинскиот регион, каде со околните населени места, претставува општина, Општина Хилеред. Денес Хилеред има околу 30.000 жители во градот и околу 57.000 во поширокото градско подрачје.

Кратки факти Хилеред, Управа ...

Главна знаменитост на Хилеред е замокот Фредериксборг, една од најраскошните градби во цела Данска и поранешно седиште на кралското семејство.

Remove ads

Природни услови

Хилеред се наоѓа во североисточниот дел на Данска. Од главниот град Копенхаген, градот е оддалечен само 40 километри северно.

Релјеф: Градот Хилеред се наоѓа во североисточниот дел на данскиот остров Зеланд. Градското подрачје е типично за дански услови. Надморската височина на средиштето на град се движи помеѓу 20-70 метри.

Клима: Климата во Хилеред е умерено континентална под големо влијание на Атлантикот и топлата Голфска струја.

Води: Хилеред се наоѓа во внатрешноста на островот, без допир со поголема површина вода. Затоа градот се формирал околу мало езеро, на кое денес се наоѓа замокот Фредериксборг.

Remove ads

Историја

Подрачјето околу Хилеред било населено уште во времето на праисторијата. Денешната населба првпат се споменува во 1200 година. Поголемиот дел од минатото на градот е поврзан со замокот Фредериксборг.

И покрај пет годишната окупација над Данска (1940-1945) од страна на Третиот Рајх, градот и неговото население не претрпеле големи страдања.

Население

Денес Хилеред има околу 30.000 жители во градските граници и околу 57.000 со околните населени места.

Етнички состав: Населението на Хилерод до пред неколку децении било типично населено со етнички Данци. И денес етничките Данци се поголемото мнозинство во градот, но мал дел од населението се доселеници.

Глаерија

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads