Цармариново

From Wikipedia, the free encyclopedia

Цармариновоmap
Remove ads

Цармариново или Црно Мариново (грчки: Μαρίνα, Марина; до 1926 година: Σερμαρίνοβο, Сермариново, Σερμορίνοβο, Сермориново; книжевно: Σερμορίνοβον, Сермориновон[2]) — село во Воденско, Егејска Македонија, дел од денешната Општина Негуш, во Централна Македонија, Грција. До 1920-тите Цармариново, како и другите околни села, било чисто македонско, а денес Македонците во него сочинуваат двотретинско мнозинство.[3]

Кратки факти Цармариново Μαρίνα, Земја ...
Remove ads

Географија и местоположба

Селото се наоѓа на осум километри североисточно од градот Негуш и 10 километри југозападно од Вртикоп, на надморска височина од 140 метри.[3]

Сместено е во областа Сланица, на североисточните падини на планината Каракамен (Негуш Планина или Дурла). Во селото се наоѓа и Цармариновскиот манастир „Св. Преображение“, кој влегува во Воденската митрополија.

Историја

Во 1923 година во селото биле населени Грци, бегалци од Турција. Во 1928 година, Цармариново претставувало мешана населба со 558 жители, од кои 270 лица (65 семејства) биле грчки дојденци, а останатите биле домородни Македонци.[4]

Селото Цармариново, како и другите околни села, до 1924 година било населено исклучително со македонско население.[3]

Во 1926 година, селото било преименувано во Марина (Μαρίνα).[5]

Во книгата „Населените места во Егејска Македонија“, се наведува дека и денес во селото поголем дел од населението е македонско, а околу една третина потомци на грчките бегалци.[3]

Remove ads

Стопанство

Селото е прилично богато, бидејќи се наоѓа во самото поле, а дел од обработливата почва се наводнува и дава високи приноси. Главен производ е овошјето, а се сее и пченица. Делумно е развиено и сточарството.[3]

Население

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година во Цар-Мариново (Црно Мариново) живееле 400 Македонци.[6][7] По податоци на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Цармариново имало 208 Македонци.[6][8]

За време на пописот од 1913 година, селото било забележано со 223, а во 1920 година со 414 жители. По 1923 година во селото биле сместени помал број бегалски семејства. Така, селото станало мешано, во него во 1928 година имало 558 жители, во 1940 година 786, во 1951 година 827, во 1961 година 994, во 1971 година 972, во 1981 година 957, а во 1991 година 1.036 жители.[3]

Во пописот спроведен во 2001 година, селото било попишано со 1.076 жители. Во најновиот спроведен попис од 2011 година во Грција, селото било забележано со 1.042 жители.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Remove ads

Самоуправа и политика

Селото припаѓа на општинската единица Антемија со седиште во селото Копаново, која припаѓа на поголемата општина Негуш, во округот Иматија. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Цармариново, во кој покрај Цармариново влегува и селото Фетица.

Општествени установи

  • Полициска станица

Културни и природни знаменитости

Цркви
  • Црква „Св. Марина“ — главна селска црква
Манастири
  • Цармариновски манастир — манастирот е посветен на Христовото Преображение
Кули

Личности

  • Јане (Јани) Ташов (1919 – 1948) — комунистички деец[9]

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads