Источнополинезиски јазици
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Источнополинезиските јазици се тихоокеанските острови што се простираат од Хаваи на север до Нов Зеланд на југозапад и Велигденскиот Остров на југоисток. Во оваа група на полинезиски јазици спаѓаат хавајскиот, маркискиот, туамотскиот, тахитскиот, новозеландскиот маорски, раротонганскиот (куковоостровски маорски) и рапанујскиот јазик.
По број на говорници, двете најзначајни групи се тахитските и маорскиот. Тахитскиот е главен јазик на Друштвените Острови, а се користи и како лингва франка ширум Француска Полинезија, додека пак маорскиот го зборува многубројно малцинство во Нов Зеланд, кајшто ужива статус на службен јазик заедно со англискиот. Хавајскиот го зборуваат малкумина, но сепак е службен во сојузната држава Хаваи.
Remove ads
Јазици
Блиското сродство помеѓу ови јазици е наполно издржано согласно извршените анализи објавени во Базата на основниот лексикон на австронезиските јазици (Austronesian Basic Vocabulary Database, 2008).[1][2]
- рапанујски
- рапанујски - на Велигденскиот Остров
- централни источни
- рапански
- рапански - на Рапа Ити и Австралските Острови
- маркиски
- хавајски
- маркиски - на Маркиските Острови и Француска Полинезија (со наречјето Нукухива)
- мангаревански - на архипелагот Гамбje (и во Француска Полинезија)
- пукапукански - на Пука-Пука и Разочарувачките Острови во североисточниот дел на Туамоту
- тахитски
- маорски - во Нов Зеланд и изумрениот мориорски јазик на Четемските Острови
- туамотски - ширум архипелагот Туамоту во Француска Полинезија, со исклучок на Пука-Пука и Разочарувачките Острови
- раротонгански - на југот на Куковите Острови)
- манихичко наречје
- пенрински (или тонгаревански) - на островот Пенрин (Тонгарева) во осеверниот дел на Куковите Острови
- тахитски
- австралски (рурутуански и тубајски) - на Австралските Острови
- рурутуански
- рапански
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads