Црква „Св. Атанасиј“ - Тетово

From Wikipedia, the free encyclopedia

Црква „Св. Атанасиј“ - Тетово
Remove ads

Свети Атанасиј — православен храм, главна манастирска црква на манастирот на Балтепе, сместен на тетовското Кале. Спаѓа во Четвртата тетовска парохија.Црквата е подигната на темелите од постара манастирска црква, која заедно со целиот манастирски комплекс потекнува од крајот на 13 век, од истиот период кога бил подигнат и манастирот „Успение на Пресвета Богородица“ во месноста Плоча на Шар Планина.[1][2][3][4]. Главниот патрон се празнува на денот на Св. Атанасиј Зимски на 31 јануари.[5]

Повеќе информации Местоположба, Општи податоци ...
Remove ads

Архитектонски опис

Денешниот изглед, црквата го добила со соизградбата во 1922 година. Објектот е еднокорабна градба со димензии 5,25 × 11,10 m и висина од 4,7 5х 1,60 m, со кота на слеме од 6,35 m. Градена е од кршен камен во продолжен малтер, со полуцилиндричен свод од внатре, со дрвена кровна конструкција со метален лим како покривач. Прозорците се дрвени, со профилирани украсни решетки. Во денешно време имотот на црквата е оспоруван, но во 1923 година била добиена катастарска тапија за „сопственост на црквата со авлијата" под број 366 од 28 февруари 1923 година, заверена од тогашниот Првостепен суд во Тетово под број 3853 од мај 1923 година. Музејот на тетовскиот крај со свој документ број 0301/79/1 од 6 април 1988 година потврдува дека наведениот простор „е предаден во трајно владение и користење на тетовското архијерејско намесништво на МПЦ." Инаку црквата за време на двете светски војни повеќепати била уривана и обновувана за да во поново време биде осветена од митрополитот Кирил. Во чест на 2000 години од христијанството се дошло до идеја да се постави крст на камбанаријата со нешто поголеми димензии од стариот, поради што започнала и целосна реконструкција на манастирската црква. За да се заштитат фреските и иконите била извршена реконструкција на кровната конструкција на црквата, а поради дотраеност камбанаријата сосема биле урнатаи и на истите габарити била подигната нова. Нејзината висина од дното е 9,20 м, на која според сите православни обичаи треба да се постави крст висок 6 m.

Remove ads

Контроверзии и 2001

Против реконструкцијата на црквата најнапред со свое реагирање се огласиле некои политички албански партии од Тетово, со тврдење дека сето ова се прави на месност која духовно припаѓа на исламската култура. Тие сметале дека со поставувањето на крст се вршело директен атак врз чувствата на граѓаните од исламска вероисповед, како и притисок врз верските слободи на граѓаните. Тие предупредувале на „несакани последици". Во своето соопштение на конференцијата за печат, ПДП ја предупредила актуелната влада да ги сопре активностите поврзани со изградбата на православни објекти и симболи во муслимански населени региони. Сметале дека тендецијата за поставување крст, на Тетовското кале е класична провокација за да го прикаже Полог како православна регија. На истата конференција секретарот на ПДП изјавил дека ако е потребно целото население да протестира против поставувањето крст, ако остане во опозиција, а ако биде во власта, крстот ќе го урне. Но на 14 март 2001 година Тетово било нападнато од албанските терористи кои најпрвин го зазеле тетовското кале, од каде што го напаѓале градот Тетово. На 25 март 2001 година била извршена силна офанзива врз терористичките упоришта на Кале и при овие борби настрадала манастирската црква, поради што биле стопирани сите активности во врска со реконструкцијата на црквата. Од разрушувањето до почетокот на санацијата во 2010 година, црквата била цел на вандализми и кражби околу 5 пати[6].

Remove ads

Наводи

Поврзано

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads