Црква „Св. Димитриј“ - Теарце

From Wikipedia, the free encyclopedia

Црква „Св. Димитриј“ - Теарце
Remove ads

Свети Великомаченик Димитриј Солунски претставува најновата црква во тетовското село Теарце. Започната е со изградба во 2000 година, завршена е во краток период, а додека осветена е на 11 октомври 2007[1]. Патрониот празник на црквата се слави на Митровден, секоја година на 8 ноември.[2]

Повеќе информации Местоположба, Општи податоци ...
Remove ads

Изградба

Во 2000 година православните верници од село Теарце покренале иницијатива за изградба на меморијален комплекс посветен на македонскиот преродбеник јеромонахот Кирил Пејчиновиќ кој роден во ова село, на старото вакалско место Збирало. Изградбата на црквата започнала на 29 август 2000 година веднаш по празникот Голема Богородица. Со помош на иселените теарчани од градот Детроит - САД црквата била изградена во рекордно време. За време на војната во 2001година била изгорена влезната врата[3], па поради тоа беа прекинати тамошните работи на внатрешното уредување за да продолжи во 2005 и да се изработи фрескоживописот.

Remove ads

Настани од 2001

И оваа црква како и другите цркви во тетовскиот крај не била поштедена од вандализмот на албанските терористички банди за време на тетовскиот конфликт. Истите тие во 2001 година стрелале со огнено оружје по фасадата на црквата, ја запалиле влезната врата[4] (најверојатно во обид да ја запалат целата црква),го искршиле и одстраниле Светиот Крст којшто се наоѓал во дворот на црквата, ја искршиле и одстраниле бистата на јеромонахот Кирил Пејчиновиќ.

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads