Црква „Св. Димитриј“ - Елес
црква во Елес, Драмско From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Свети Димитриј (грчки: Αγίου Δημητρίου Οχυρού) — црква во селото Елес, Драмско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Зихненско-неврокопската епархија на Цариградската патријаршија.
Црквата е изградена во 1882 г. според натписот над јужниот влез,[1] во македонското маало во северниот дел на селото.[2] Претставува трикорабна базилика[3] со женска црква.[1] Според Георги Стрезов, црквата е подигната со ферман од Бугарската егзархија, но подоцна прешла во рацете на Патријаршијата.[4] Во 1909 г. станала егзархиска заедно со целото село. Во отчет до митрополитот Иларион Неврокопски од 1909 г. се вели:
„ | Црквата „Св. Димитар“ е градена пред 1882 г. Градбата не е многу солидно направена од дрвен материјал. Има потреба од крупни поправки. Училиштето е здраво.[5] | “ |
Сè до изградбата на „Св. Троица“ во 1972 г. црквата била главен храм на селото.[2]
Remove ads
Поврзано
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads