Елес
село во Драмско, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Елес или Лисе (грчки: Οχυρό, Охиро; до 1927 г. Λύσε, Λίσε, Лисе[2]) — село во Драмско, Егејска Македонија, денес во општината Неврокоп на Драмскиот округ, Грција. Сè до 1920-тите било населено со Македонци-христијани и Македонци-муслимани. Второспоменатите во изворите погрешно се водат како „Турци“.[3]
Remove ads
Географија
Селото се наоѓа на 7 км јжно од Зрново, во средиштето на Елеската Котлина и во подножјето на ридот Коџатепе. Кај него е понорот Елески Дупки (Понорје).[4]
Историја
Во Отоманското Царство

На почетокот на османлискиот период во Елес дошле муслимански доселеници, кои ги преобратиле македонските мештани, но се претопиле во нив. Од регистар од XVIII век се гледа дека во селото живееле само муслимански семејства, а од нив 18 мажи били сеиди (потомци на Мухамед од внукот Хусеин), а 5 жени шерифе (потомци на Мухамед од внукот Хасан). Според османистот Евгениј Радушев во подоцнежен период во селото се доселиле Македонци-христијани.[5][6]
Во XIX век Елес било мешано село во Неврокопската каза на Серскиот санџак. В 1848 година руският славист Виктор Григорович („Очерк путешествия по Европейской Турции“) го опишал Елес како „турско“ село.[7] Во 1889 г. Стефан Верковиќ („Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи“) го обележал Лисе како село со 35 македонски и 80 турски куќи.[5][8]
Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Лисе (Lissé) било село со 115 домаќинства и 140 жители Македонци и 180 муслимани[5].[9]
Во 1891 г. Георги Стрезов напишал за селото:
„ | Елес (турски Лисе), на ЈИ от Караќој, 4 часа пат. Лежи во подножјето на Боздаг крај левиот брег на Панега. Под селото са Елеските Дупки, каде реката се губи под Боздаг. Околната висока рамнина Елеска Полјана е најплодната. Грчка црква подигната со ферман од Егзархијата. Жителите са мешани. 40 куќи македонски, а 90 турски.[10][11] | “ |
Съгласно статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Елис (Лисе) имал 1.010 лица, од кои 280 Македонци-христијани и 730 Турци.[5][12]
Христијанското население било под врховенството на Бугарската егзархија и во него работела бугарската пропаганда. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Елес имало 336 Македонци егзархисти. Во селото работело бугарско основно училиште со 1 учител и 9 ученици.[13]
Во извештај до митрополитот Иларион Неврокопски од 1909 г. пишува за Елес:
„ | С. Елес... Селото е сместено на убаво рамно място. Над него се издига Елеска Планина која има убави пасишта. Елеското Поле е плодно. Селаните се занимаваат со сточарство и земјоделство. Обработуваат највеќе пасишта, а потоа житни растенија.
Има 45 македонски куќи со 200 души и 200 турски куќи со 990 души народ. Турците и Македонците[5] не се во добри односи. Сега Македонците отвориле случај против муслиманите за да им ги дадат последните дарови и пасишта или дел од приходите. Тие го добија случајот во Неврокоп, но Турците го оспорија во Сер. Црквата „Св. Симитриј“ е изградена пред 1882 г. Зградата е изградена не многу солидно од дрвен материјал. Има потреба од главни поправки. Училиштето е здраво.[14] |
“ |
Во Грција

За време на Првата балканска војна селото е окупирано од бугарска војска, а по Втората балканска војна во 1913 г. е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година населението броело 1.409 жители.[3] Во 1918 г. во селото имало 80 македонски христијански семејства од вкупно 300 (останатите биле Македонци-муслимани).[4] Тие се иселиле следната 1919 г. во Пиринска Македонија, во Неврокоп и околината.[4] Од селото официјално се иселиле 73 лица.[3] Во 1923 г. Македонците-муслимани се иселени во Турција по сила на Лозанскиот договор, а на нивно место се доведени грчки колонисти.[4]
Во 1928 г. Елес е заведено како наполно дојденско село со 829 грчки доселеници (211 семејства).[15] Според Тодор Симовски во селото останале извесен број Македонци, но Грците биле апсолутно мнозинство.[3]
Во 1940-тите бројот на населението драстично се намалил како последица од Втората светска и Граѓанската војна.[3]
Населението се занимава со одгледување на тутун, жито и други земјоделски производи, како и со сточарство.[3]
Remove ads
Население
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Културни и природни знаменитости
- Црква „Св. Димитриј“
- Утврдување „Лисе“ од Втората светска војна, дел од линијата „Метаксас“
- Елески Дупки — понорни пештери југозападно од селото
Личности
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads