Црква „Св. Димитриј“ - Клисура (Костурско)
црква во Клисура, Костурско From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Свети Димитриј (грчки: Αγίου Δημητρίου) — црква во селото Клисура, Костурско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Костурската епархија на Цариградската патријаршија.[1]
Remove ads
Историја

Црквата е изградена во 1856 г. во Долното Маало на Клисура, на местото на стар храм, кој според преданието датира од 1700 г. Според Николаос Сјокис меѓу 1700 и 1773 г. Клисура била седиште на костурскиот митрополит.[2]
Во 1996 г. црквата е прогласена за заштитен споменик.[1]
Опис
Црквата претставува трикорабна базилика со припрата. Има трикатна камена камбанарија. Внатре има украсни резби со исклучителен квалитет.[1] Резбаниот иконостас на храмот е изработен во 1819 г., а проскинитарот е од 1820 г. Средствата за иконостасот, проскинитарот и владичкиот престол ги дале Георгиос Урман и Георгиос Басиос, како и шивачкиот и млекарскиот еснаф во Цариград. Живописот е дело на кионатски, самарински и клисурски зографи. Во храмот се зачувани два вредни дискоса (од кои едниот е од 1746 г.), четири евангелија со сребрени опкови, свадбени венци и други работи, како и 44 вредни икони.[2]
Remove ads
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads