Црква „Св. Кузман и Дамјан“ - Једоарце
црква во селото Једоарце, Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Свети Кузман и Дамјан (позната и како Свети Врачи) — главна селска црква во тетовското село Једоарце, Македонија.[1]
Remove ads
Местоположба
Црквата се наоѓа во средишниот дел на селото, до патот кој поминува низ селото за другите села (Отуње и Сетоле). Во дворот на црквата се наоѓаат и селските гробишта.
Историја
Градена е на постари темели, додека денешниот објект е од 1922 година.[2]
Главниот патрон се празнува на 14 ноември на денот на Светите Кузман и Дамјан.[3]
Настани од 2001
За време на конфликтот од 2001 година црквата била цел на повеќе вандалски оштетувања. Најмногу, во повеќе наврати страдал внатрешниот дел. Била палена влезната врата на црквата, а во внатрешноста биле уништени иконостасот, олтарот, иконите, фреските, шанданите, крстовите и други предмети, а била расфрлана и црковната документација.[4]
Во кругот на црковниот двор биле оскрнавени неколку надгробни споменици.
Remove ads
Архитектура
Фрескоживопис

Црквата поседува фрескоживопис. Истиот бил предмет на оштетувања во конфликтот од 2001 година, па така фреската „Св. Никола“ била значително оштетена со тврд предмет.
Икони и иконостас
Црквата поседува иконостас.
Истиот исто така бил подложен на оштетувања во текот на конфликтот од 2001 година. Иконата „Тајната вечера“ била целосно уништена, додека целиот иконостас бил скоро целосно урнат. Царските двери биле скршени и расфрлани по црквата. Биле уништени дел од иконите во иконостасот.
Галерија
- Селските гробишта
- Поглед на црквата
- Поглед на црквата
- Влезот
- Северната страна
- Камбанаријата
- Апсидата
- Помошниот објект
- Ниша над влезот
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads



