Црква „Св. Никола и Св. Ѓорѓи“ - Орах
црква во Орах, Кумановско From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Св. Никола и Св. Великомаченик Ѓорѓи или Двојна црква — поствизантиска православна црква во кумановското село Орах, Општина Старо Нагоричане. Му припаѓа на Кумановско-кратовското архијерејско намесништво во Кумановско-осоговската епархија на МПЦ - ОА. Прогласена е за културно наследство на Македонија.[1]

Храмот е сместен во маалото Балијци. Претставува уникатна двојна црква посветена на двајца светци со два одделни влеза и две апсиди на исток. Двата кораба се засводени со полукружни сводови. Храмот датира од крајот на XVI или почетокот на XVII век. На северниот ѕид се насликани сцени од страданијата на Христос, а на јужниот се сцени од големите празници. Фреските во северниот кораб се постари, од времето на изградбата на црквата, а во јужниот се од 1873 г. Црквата има висок дрвен иконостас од 1893 г. Вратите на јужниот кораб се од втората половина на XVI век, дело на скопско-призренско ателје[2][3] и се единствениот зачуван дел од првичниот иконостас. Изработени се од оревово дрво и се хармонично копаничарско дело.[4]
Remove ads
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads