Црква „Св. Петар и Павле“ - Србјани
црква во селото Србјани From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Свети Петар и Павле — главна селска и гробјанска црква во селото Србјани.[1]
Remove ads
Местоположба
Се наоѓа во јужниот дел на селото, во подножјето на планината Цоцан. Околу нејзе се наоѓаат и селските гробишта.
Историја
Црквата дури трипати е обновувана, но староста на нејзините темели не е утврдена.
Врз основа на турски попис од 1494, во Србјани живеел Поп Никола со синовите кој служел во црквата „Св. Петар и Павле“. Оваа црква била соборна и за околните села, а ја викале и „Голема Црква“. Празникот на Апостолите Петар и Павле бил ден за голема прослава.
Врз основа на овој документ во 1994 година се прославил јубилеј 500 години мисија на оваа црква. Се одржала света литургија во која чиноначалствувал Неговото блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Михаил во сослужение со митрополитот Дебарско–Кичевски г. Тимотеј и свештеници од епархијата. На свеченоста присуствувал и тогашниот претседател на Македонија, Киро Глигоров.
Инаку според преданието на постарите жители, црквата датира уште од времето на Климент Охридски, односно од IX век. Последното обновување на црквата се случило во првата половина на XX век, а најголемиот дел од фрескоживописот е обновен дури после Втората светска војна.[2][3]
Remove ads
Галерија
- Поглед на црквата
- Селските гробишта
- Објект во црковниот двор
- Влез во црквата
- Фреска над влезот
- Објект во црковниот двор
- Камбанаријата на црквата
- Поглед на црквата
- Додадена припрата на црквата
- Влез во црквата
- Фреска на црквата
- Апсидата на црквата
- Селските гробишта
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads