Црква „Св. Тома“ - Граиште

црква на Граиштанскиот манастир кај Граиште, Демирхисарско From Wikipedia, the free encyclopedia

Црква „Св. Тома“ - Граиштеmap
Remove ads

Св. Томацрква во демирхисарското село Граиште, главен храм на Граиштанскиот манастир (наречен и Шути манастир). Му припаѓа на Крушевско-демирхисарското намесништво во Преспанско-пелагониската епархија на МПЦ - ОА.

Повеќе информации Местоположба, Општи податоци ...

Манастирот и црквата се сместени југоисточно од Граиште и југозападно од Вардино.[1] Манастирот е граден во доцниот среден век, но уништен во XVIII век. Возобновен е во 2002 г. врз темелите на стариот храм.

Од натпис на фрагмент од службен минеј за месец септември од XVI век од манастирската библиотека дознаваме дека книжевникот Спиридон учел, живеел и творел во манастирот кон крајот на XVI и почетокот на XVII век.[2]

Црквата е релативно голема, триконхална, со нартекс и две куполи. Изѕидана е од кршен камен со малтер.[3] По нејзиниот облик се смета дека старата црква била меѓу најстарите манастирски цркви во Демирхисарско (Железник),[4] и познато е дела била градена е во XV - XVI век.[3] Царските двери од храмот се пренесени во црквата „Рождество на пресв. Богородица“ во Бучин.[5]

Remove ads

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads