Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - Јосифово

црква во селото Јосифово From Wikipedia, the free encyclopedia

Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - Јосифовоmap
Remove ads

Успение на Пресвета Богородица — главна селска црква во валандовското село Јосифово, Македонија.[1]

Повеќе информации Местоположба, Општи податоци ...
Remove ads

Местоположба

Црквата е сместена во средишниот дел на селото, во непосредна близина на ОУ „Страшо Пинџур“ и поштата.

Историја

Црквата е изградена по земјотресот од 1931 година, во периодот од 1932 до 1934 година, а осветена е на 8 декември 1936 година од страна на владиката на Штипската епархија г. Венијамин.[2] Црквата нема ниту летописна книга, а нема ни доволно историски податоци. За нејзината историја главно се дознава од преданијата, односно од раскажувањата на постарите жители на селото.

Архитектура

Храмот има крстокуполен облик, чие теме заменува купола. Објектот погледнат однадвор има мошне привлечен архитектурен облик. Тој има висока покривна конструкција, која се потпира на столбови со капители во горниот дел. Камбанаријата е составен дел од градбата на црквата и се наоѓа во нејзиниот северозападен дел.[2] Таа има квадратна основа и е поделена на два дела, при што на некои од страните во долниот дел има по една монофора, додека горниот дел содржи истакната фасадна рамка со по една бифора на секоја од четирите страни. Влезот во храмот е од западната страна, преку двокрилна дрвена врата над која нема никаков натпис. На источната страна, градбата завршува со петстрана апсида. На секоја од петте страни од апсидата има по една монофора и по едно окно над неа.

Внатрешноста на црквата не е оптоварена со предмети и во неа нема поставено класични црковни столови за седење, прилепени до ѕидовите. На левата страна од влезот има минијатурен параклис и една икона со претстава на Богородица и синот Христос, а на десната страна се наоѓа владичкиот стол и една маса на која е поставена икона за бакнување. Црковната литија датира од 1936 година. На јужниот внатрешен ѕид не е поставена ниту една икона, а на северниот ѕид се наоѓаат шест мали икони, потпрени до прозорците.[2]

Фрескоживопис

Црквата не е зографисана.[2]

Иконостас

Иконостасот е изработен во 1934 година, но нема испишано никакви податоци од зографите. Тој содржи царски двери од убава резба и икони изработени од познатиот мијачки зограф Димитар Папрадишки во истата 1934 година. На десната страна од царските двери се наоѓа голема икона на Господ Исус Христос, а на јужната врата е сместена иконата на свети Јован Претеча. Лево од царските двери се наоѓа голема икона со претстава на света Богородица и синот Христос, а на северната страна е иконата на свети Архангел Михаил. Иконостасот завршува со мала икона на света Богородица со синот Христос. Над царските двери е композицијата наречена „Тајната вечера“. Десно од неа се наоѓаат шест икони од светите апостоли, а лево има шест икони со претстави на светителите. Во горниот дел од иконостасот е сместен Крстот на распнатиот Христос.

Remove ads

Галерија

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads