Црковјани (Воденско)

село во Воденско, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Црковјани (Воденско)map
Remove ads

Црковјани или Црковени (грчки: Εκκλησιοχώρι, Еклисиохори или Κλησοχώρι, Клисохори; до 1926 г. Τσερκόβιανη, Церковјани[2]) — село во Воденско, Егејска Македонија, денес во општината Воден на Постолскиот округ во Централна Македонија, Грција. Населението брои 683 жители (2011). До 1924 г. населението било чисто македонско, а денес е мешано.[3]

Кратки факти Црковјани Εκκλησιοχώρι, Земја ...
Thumb
Црквата „Св. Јован Претеча“ во Црковјани
Remove ads

Географија и местоположба

Селото се наоѓа на 3 км североисточно од Воден (Едеса), во поднижјето на планината Ниџе, на надморска височина од 380 м.[3] Сместено е крај самиот пат од Воден за С’ботско.

Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. во Црковени (Tzerkovéni) имало 78 куќи со вкупно 300 жители, сите Македонци.[4][5] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во селото имало 320 жители, сите Македонци[4] християни и 3 Македонци[4] муслимани.[6] Според Христо Силјанов, по Илинденското востание во 1904 г. целото село потпаднало под врховенството на Бугарската егзархија.[7] Според податоците на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Церковени (Tzerkoveni) има 160 Македонци под егзархијата.[4][8] Милоевиќ во истиот период регистрирал 20 македонски куќи.[3]

Со Букурешкиот договор Црковјани било припоено кон грчката држава, кога имало 103 жители.[3] Во 1926 г. селото е преименувано во Еклисиохори, што е буквален грчки превод на македонското име.[9] Во 1920 г. Црковјани имало 120 жители (сите Македонци), но во 1924 г. властите доселиле 127 Грци-бегалци од Понд. Во 1928 г. селото имало 456 жители[3], од кои 143 (32 семејства) биле доселеници.[10]

Во 1940 г. Црковјани имало 386 жители, од кои половината Македонци, а другата половина — доселени Грци.

Во Втората светска војна селото е окупирано од Бугарите, кои воспоставиле бугарска општинска власт.[11]

Во 1947 г. НОФ го завел селото со 450 жители, од кои 250 Македонци и 200 доселеници.[3]

Remove ads

Население

Преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Самоуправа и политика

Селото припаѓа на општинската единица Воден со седиште во истоимениот град, која припаѓа на поголемата општина Воден, во округот Постол. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Воден, каде спаѓаат и градот Воден и селата Котугери и Пачарешко.

Стопанство

Селото важи за прилично сиромашно. Главни производи се житото и овошјето.[3]

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads