Цурјака

село во Гребенско, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Цурјакаmap
Remove ads

Цурјака (грчки: Αετιά), Аетија; до 1927 г. Τσούργιακας, Цурјакас[2]) – село во Република Грција, во општината Гребен, во областа Западна Македонија.[3] Во 2011 година селото броело 34 жители.

Кратки факти Цурјака Αετιά, Земја ...
Remove ads

Географија

Селото се наоѓа на околу 25 км западно од градот Гребен, 3 км источно од Филипишта на надморска височина од 1.100 м, во источниот дел на планината Смолика, дел од планинската верига Пинд.[3]

Историја

Во месноста Кастри се откриени остатоци од тврдина.[3]

За време на Османлиското Царство

Селото е споменато како Цурјакас во ферман од 1717 година во тимарот на Мехмед-бег, со кое се определуваат границите со соседите. Во XVIII век заради албански наезди поголемиот дел од жителите на селото, заедно со оние на Москополе, Фурка, Зерма и Пирсојани се иселуваат и основаат село Пипилишта. Други се населуваат во Каракамен, во селата Црковјани и Ксироливадо. ]].[4]

Кон крајот на XIX век Цурјака е христијанско грчко село во западниот крај на Гребенската Каза на Османлиското Царство. Во 1806 година Франсоа Пуквил го споменува селото како „Шеркања“.[4]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Чурјака се води како чисто грчко село во Гребенската каза на Серфиџенскиот санџак со 6 куќи.[5]

Според статистиката на грчкиот конзулат во Еласона од 1904 година во Цурјакас живеат 27 Грци христијани.[6] Централната селска црква „Свети Николај“ е изградена во 1863 година, а обновена во 1880 година.

Во Грција

За време на Првата балканска војна во 1912 година во селото влегуваат грчки трупи и за време на Втората балканска војна во 1913 година Цурјака станува дел на Кралството Грција.

Во 1927 година името на селото е сменето во „Аетја“ од αετός што значи орел, додека Цурјака има словенска етимологија од орел.[3]

Remove ads

Демографија

Пописи

Движењето на населението по години е следното[7]:

  • 1913 - 86 жители
  • 1920 - 21 жител
  • 1928 - 40 жители

Преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads