Чалџиево

село во Леринско, Егејска Македонија, Грција From Wikipedia, the free encyclopedia

Чалџиево
Remove ads

Чалџиево или Чалџилари (грчки: Φιλώτας, Филотас; до 1926 г. Τσαλτζιλάρ, Цалѕилар[2]) — село во Леринско, Егејска Македонија, денес во општината Суровичево на Леринскиот округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 1.772 жители (2011). Сè до 1920-тите било населено со Турци.[3]

Кратки факти Чалџиево Φιλώτας, Земја ...
Remove ads

Географија

Селото е сместено во котлината Сариѓол, 6 км јужно од Суровичево и 40 км југоисточно од Лерин. Пред повлекувањето на Островското Езеро, било оддалечено на помалку од 5 км од неговиот брег.

Историја

Праисторија и стар век

Во подрачјето на Чалџиево се најдени траги од праисториски населби, од кои најстарите се од раниот неолит. Животот на ова место продолжил и во древномакедонскиот и римскиот период. Во други месности околу селото се откриени остатоци од населби од раното и доцното бронзено време, железното време, како и од подоцнежните периоди.[4]

Во Отоманското Царство

Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Чалџиево (Tchaldjiévo) било село во Џумалиската каза со 20 домаќинства од вкупно 62 жители Македонци.[5][6]

Во 1889 г. хрватскиот етнограф Стефан Верковиќ напишал за Чалџиево:

Село Ченчилар, кое се состои од 350 муслимански куќи. Данокот им е 32.200 пијастри. Селото е сместено до Островското Езеро. Жителите се занимаваат со земјоделство, сточарство и риболов. Еднаш неделно во вторник е пазар. Низ Ченчилер поминува патот од Битола за Лариса. Селото се смета за втора населба по важност во казата по Лерин.[7]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Чалџиево (Чалџилар) имал 1.950 жители Турци.[8]

Во Грција

По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата година во него се попишан 2.381 жител, а во 1920 г. броело 2.137 лица.[3] Во 1920-тите сето население е иселено во Турција по сила на Лозанскиот договор, а на негово место се доведени грчки колонисти од таа земја. Тие дошле од следниве места во Турција:[9]

Во 1926 г. властите го преименувале селото во Филотас.[10] Во 1928 г. Чалџиево било наполно дојденско село со 2.188 жители од 539 семејства.[11]

Во 1940 г. во селото живееле 2.134 лица. Ваквата бројност се задржала до 1960-тите кога доста жители почнале да се селат во Кајлари и другите градови поради изградбата на големите термоелектрани и привлечноста на градскиот живот.[3]

Remove ads

Цркви

Чалџиево има три цркви:[4]

  • „Св. Ѓорѓи“
  • „Св. Василиј“
  • „Св. Петка“

Во селото работи и друштвото „Црно Море“.

Население

Преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Стопанство

Селото важи за доста богато и има развиено земјоделство и сточарство.[3]

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads