Чифлик (Општина Сопиште)

село во Општина Сопиште From Wikipedia, the free encyclopedia

Чифлик (Општина Сопиште)map
Remove ads

Чифлик — село во Општина Сопиште, во околината на градот Скопје.

Кратки факти
Remove ads

Географија и местоположба

Селото се наоѓа во областа Каршијак на јужното подножје на планината Водно.

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...

Според пописот од 2002 година, селото имало население од 636 жители, од кои 634 Албанци и 2 Македонци.[2]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 726 жители, од кои 9 Македонци, 707 Албанци и 10 лица без податоци.[3]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[4]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[5]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[6]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[7]

Родови

Чифлик е албанско село.

Според истражувањата од 1950 година, родови во селото

  • Доселеници: Фазлиалар (10 к.) и Мизиралар (15 к.) имаат исто потекло. Доселени се од Долен Дебар во Албанија (околината на Пешкопеја). Овде живеат од крајот на XVIII век. Во првиот род се знае следното родословие: Осман (жив на 55 г. во 1950 година) Реџеп-Муро-Осман-Јусуф-Фазлија, кој се доселил; Рекалар (12 к.) доселени се во исто време со претходните два рода од селото Рибница во Горна Река. Таму се доселиле од Албанија, непознато кога; Кољча (9 к.) за нив мислат дека биле поалбанчени Македонци. Овде мешајќи се со албанците се поалбанчиле. Иако они тврдат дека се доселени од некое место Колтрак во Албанија.[8]
Remove ads

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads