Шестарот на времето

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

„Шестарот на времето“ е збирка на целокупното досегашно творештво на современиот поет и писател, Никола Маџиров издадена во 2024 година, издание на издавачката куќа Арс Ламина-публикации во едицијата Македонски книжевни класици. Испечатена е во печатницата Бранко Гапо- графичко производство, Скопје во тираж од 500 примероци. Поговорот за книгата е напишан од Лидија Капушевска-Дракулевска.[1] Според уредничката на книгата, Оливера Ќорвезироска, се работи за исклучително значајна книга затоа што во неа е собрано целокупното досегашно творештво на авторот со неговиот „ препознатлив и автентичен поетски (с)пев со сè посигурен испис во современата македонска поезија, но и во светот“.

Кратки факти Автор, Изработувач на корицата ...
Remove ads

Содржина

„Шестарот на времето“ започнува со 10 нови песни, досега необјавени во книга (и нумерацијата на страниците почнува од последната, а завршува со првата.) Во продолжение се целосните збирки: Преместен камен (2007), Некаде никаде (1999), Заклучени во градот (1999) и првата песна Сенка во облаците од 1989 со која всушност започнува ова бележито поетско патување во македонскиот јазик, во времето и просторот како отсечоци од кружницата на светот и на постоењето. Исто така, покрај поговорот на Лидија Капушевска-Дракулевска на крајот на збирката, дадени се и осврти на наши и странски поети, критичари и поетски списанија кои пишувале за поезијата на Никола Маџиров,(За Никола Маџиров, дома и во светот) обемен додаток во кој првпат на едно место се објавуваат извадоци од домашната и од светската критика за Маџиров: од десетина македонски автори и истакнати критичари (Матеја Матевски, Влада Урошевиќ, Елизабета Шелева, Венко Андоновски, Гоце Смилевски…), дваесетина светски елитни имиња (Чарлс Симиќ, Адам Загајевски, Каролин Форше, Уљана Волф, Јасухиро Јоцумото, Георги Господинов…). Во поговорот „Пред поетските предизвици на Никола Маџиров“ Лидија Капушевска- Дракулевска се осврнува на поимот време, кој е содржан и во самиот наслов на збирката „Шестарот на времето“. Имено, таа се поигрува со зборот време ставено на отсечка која опфаќа цели три и пол децении прикажани наназад со обратната хронологија на страниците. Ова го квалификува како своевиден пркос на поетот со неминовното поминување на времето. Насловот на збирката е преземен од финалните стихови на песната „Што треба да се направи“ кои гласат: да се преболи шестарот на времето/ забоден во нашите срца. Болката која острицата ја предизвикува во срцето е всушност „болка на љубовта, невдоменоста, на носталгијата, на загубата, на празнината, на сенките, на тишината“. Во едно интервју на „ Културен живот“ (2022) Маџиров изјавува „ Зошто не можам да ја сфатам сериозноста и точноста на времето, и покрај свеста за острината на стрелките на часовникот? Можеби затоа што поезијата не доцни“. – Несомнено, како и Шопов пред него, Никола Маџиров е еден од ретките поети посветени на поезијата со целото свое битие. И тој „поетски домува во овој свет“, како што би рекол германскиот романтичар Фридрих Хелдерлин, и тој толку несебично, искрено и безрезервно му се препушта на поетскиот порив, зашто знае дека „само во поезијата може да биде дома и дека само во сомнежот може да биде безбеден“, како што ќе изјави во една пригода. Неговата дефиниција за поетот, пак, гласи: „Човекот е 70% вода. Ако се возвиши, ќе се претвори во пареа. Ако ги отвори очите кон болката на светот – во поет!“ Маџиров има „ширум отворени очи“ за сета вина на земјата (како што се вели во песната „Патеки на оствареното“), но и за актуелните проблеми на човештвото; со своето перо поетот ги бележи сите рани и лузни на ужасот на светот што ги премолчува историјата... За Маџиров, добрата поезија е вдомена во јазикот, но распрсната во времето. Оттаму, мотивското стожерно јадро околу кое, генерално, гравитираат неговите стихови е домот и неговите различни лица: дом кој се напушта, дом од кој се бега, дом надвор од просторот, дом во меѓупросторот, дом – каде било, дом – секогаш привремен, дом во кој се враќа (макар и преку сеќавањето), дом – цел свет, во стилот на еден Рацин – вели Лидија Капушевска-Дракулевска во поговорот на „Шестарот на времето“.По повод промоцијата на книгата со поетот интервју направи и дневниот весник Слободен Печат кое е објавено во „Културен печат“ број 237, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ на 29-30.6.2024). Во него Тони Димков разговара со поетот за процесот на пишување на поезија: „Објавувањето зборови организирани во стихови или прозни редови е како пуштање ранета птица да му се врати на небото. Чувствуваш радост дека ослободуваш нешто ранливо кон бескрајот и покрај сета свест за тагата на далечината, како мајка што го испраќа синот во наметната војна, допирајќи ја со дланката празнината на својата утроба.“ [2]


Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads