Ширбаново
село во Петричко, Пиринска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Ширбаново (бугарски: Рупите) — село во Петричко, Пиринска Македонија, денес во општината Петрич на Благоевградската Област, Југозападна Бугарија.
Remove ads
Географија и местоположба
Селото Ширбаново се наоѓа на 7 километри северо од Петрич, во Петричко-санданската котлина. На 2 км источно од селото е вулканскиот врв Кожух. На источниот дел од ридот се наоѓа месноста Рупите, познато по своите лековити минерални извори со температура од 75 ° С. Климата е преодна средоземна со летни минимални и зимски максимални врнежи. Просечните годишни врнежи од дожд се околу 700 мм. Селото се наоѓа на надморска висина од 147 метри. Атарот на селото зафаќа површина од 9.257 км2.
Remove ads
Историја
Антички период
На 2 км источно од селото во месноста Кожух се наоѓаат урнатини на еден од најголемите антички градови долж долината на реката Струма, која населба постоела од 4 век п.н.е. до шестиот век од н.е. Во историските студии до денес, овој град бил поврзан со античка Петра. Латинскиот натпис откриен овде во 308 година од н.е. докажува дека во близина на селото бил античкиот град Хераклеја Синтика, споменуван повеќепати од античките автори. Тогаш, овој град се наоѓал јужно од Беласица.
Османлиско Царство
Селото се споменува во османлиски дефтери од 1570 година, во 1664-1665 година[1]. Според првиот дефтер, во 1570 година во селото живееле 3 муслимански семејства и 28 христијански семејства[2].
Во текот на 19 век, селото било чисто македонско и било во составот на Петричката каза. Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Ширбан (Chirban) е село со 40 семејства и 142 Македонци[3][4]. Во 1889 - 1892 година, црквата „Успение на Пресвета Богородица“ била изградена на местото на постара црква. Црквата е насликана од Милош Јаковлев, кој најверојатно починал додека работел на фреските, бидејќи црквата останала делумно насликана[5].
Во 1891 година Георги Стрезов за селото напишал:
Шербаново, на З од Петрич, се наоѓа во близина на [Струмица, спроти Митин, на оддалеченост од блиску 2 часа од градот. Околината е рамна ливада. Над селото е планината Кожух, од каде вадар мермер. Овде ги покажуваат пештерите во планината „Крали-Марковска“. Народното предание раскажува дека овде некогаш се криел народниот херој. Црквата е грчка. Куќи 60.[6]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 252 жители, сите Македонци[3][7]. Со писмо од 21 февруари 1904 година, селскиот градоначалник (мухтар) и селските старешини се пожалиле на рускиот царски конзул во Солун, Николај Демерик, за делата на турскиот чифликчија и го замолиле да им помогне во отстранувањето на постојаните закани и неспокојство. Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 304 Македонци под врховенството на Бугарската егзархија[3][8].
По избувнувањето на Балканските војни во 1912 година, две лица од селото биле доброволци во Македонско-одринските доброволни чети[9]. За време на Балканските војни, во 1913 година селото било окупирано и запалено од страна на грчката армија[10].
Бугарија
По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Бугарија.
Remove ads
Население[3][11]
![]() |
Знаменитости
Селото Рупите се наоѓа на територијата на Ширбанов, каде во последните години од животот живеела Баба Ванѓа. Овде во 1994 година, финансиран од самата Ванѓа и во рамките на проектот на архитектите Богдан Томалевски и Лозан Лозанов, бил изграден храмот „Света Петка“. Овде се наоѓаат и куќата и гробот на Ванѓа. Областа, заедно со црквата, е дел од 100-те бугарски туристички атракции.
Редовни настани
Секоја година на Рупите, на 15 август, [Успение на Пресвета Богородица], постои традиционален собир. Застапена е традиционалната музика од овој крај и се изведуваат локални ора. Популарни спортски настани за време на настанот се фудбал и борење.
Галерија
- Слики од Рупите
- Месноста Рупите и храмот „Св. Петка“
- Храмот „Св. Петка“
- Храмот „Св. Петка “
- Куќата на Баба Ванѓа
- Куќата на Баба Ванѓа
- Гробот на Ванѓа
- Минералните води во Рупите
- Кожух
Личности
- Родени
- Неделчо Ангелов, доброволец во Македонско-одринските доброволни чети<[13]
- Починале
- Милош Јаковлев (? - 1892), македонски сликар
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads