Шушкава согласка

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Шушкава согласка (сибилант)[1] е струјна или слеана согласка чиј начин на творба е насочување на воздушниот тек по јазикот кој води до остриот раб на забите, кои се држат доближени. Примери за шушкави согласки во македонскиот јазик се с, з, ч, џ и ж. Меѓународната фонетска азбука (МФА) истите ги бележи со [s] [z] [ʃ] [tʃ] [dʒ] [ʒ]. Од нив, ч и џ се слеани, а останатите се струјни гласови. Шушкавите согласки имаат својствен силен звук, поради што се користат вонјазично за добивање на нечие внимание („пст!“) или замолчување („шшш!“).

Кратки факти Начини на творба ...

Кај венечните с’скави шушкави согласки с и з, задниот дел од јазикот образува тесен премин (се „зажлебува“) за да го сосредоточи воздушниот тек, со што се добива висок тон. Кај ш’шкавите струјни согласки како ш ч ж и џ, јазикот е порамен, па затоа тонот е понизок.

Поради нивната карактеристичната сила, дури и малите измени во обликот и положбата на јазикот се забележливи, што дава голем број на шушкави согласки што се разликуваат во рамките на поединечните јазици.

Remove ads

Видови на шушкави согласки

Сите шушкави согласки се преднојазични, но нивната разновидност се должи на обликот на јазикот, местото на допир на јазикот и местото на допир на горниот дел од устата.

На звучна савојственост на шушкавите согласки влијаат следниве параметри:

Remove ads

Можни парници

Ова се забележаните можности на парници наведени со некои јазици како пример. Дијакритичните знаци се упростени за читливост - на некои од паровите им требаат по два знака за точно да се опише нивната твроба.

Повеќе информации МФА, Облик на јазикот ...

^1 Овие гласови обично се претставуваат чисто како  ʐ]. Врвнојазичните задновенечни и подјазичните преднонепчени шушкави согласки не се разликуваат во ниеден јазик, но доколку се јави потреба, врвнојазичните заднонепчени гласови можат да се претстават со дијакритички знак за врвнојазичност како [s̠̺ z̠̺] или [ʂ̺ ʐ̺].

Remove ads

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads