Шопур

село во Општина Штип From Wikipedia, the free encyclopedia

Шопурmap
Remove ads

Горачино — село во Општина Штип, во околината на градот Штип.

Кратки факти
Remove ads

Потекло и значење на името

Thumb
Воздушен поглед на селото

Името доаѓа од зборот шопур што означува цевка од која тече вода, што пак се поврзува со глаголот „шопа“ со значење тече или блика вода.[2]

Географија и местоположба

Селото се наоѓа во крајниот југоисточен дел на Општина Штип, во сливот на реката Крива Лакавица, чиј атар се допира со подрачјето на Општина Радовиш.[3] Селото е ридско, сместено на надморска височина од 500 метри.[3] Селото се наоѓа на западните паднини на Плачковица.

До селото води земјен пат во многу лоша состојба, кој се двои од регионалниот пат 1204. Поради изградбата на експресниот пат на А4, пристапот до него е скоро невозможен.

Remove ads

Историја

Подрачјето на Шопур било населено уште од неолитското време, за што сведочат остатоците од населба во наоѓалиштето Пилав Тепе, сместено во околината на селото.[4]

Стопанство

Атарот на селото зафаќа простор од 5,6 километри квадратни. На него преовладуваат шумите на површина од 387 хектари, на пасиштата отпаѓаат 101 хектар и на обработливото земјиште 63 хектари.[3]

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Шопур живееле 54 жители, сите Македонци.[5]

Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Шопур имало 80 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[6]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 25 до 50 Македонци.[7]

Шопур е сосема мало село и речиси наполно е иселено. Селото, во 1961 година имало 76 жители, а во 1994 година, само еден жител.[3]

Според пописот од 2002 година, во селото живееле 2 жители, сите Македонци.[8]

Според последниот попис од 2021 година, во селото немало жители.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]
Remove ads

Самоуправа и политика

На крајот од XIX век, Шопур било село во Штипската Каза на Отоманското Царство.

Селото влегува во рамките на Општина Штип, една од ретките општини која не била променета при новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Штип.

Во периодот 1957-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Штип. Во периодот од 1955 до 1957 година, селото влегувало во рамките на тогашната општина Лакавица.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Лакавица, во која покрај селото Шопур се наоѓале селата Балталија, Брест, Гарван, Горачино, Загорци, Лакавица, Лесковица, Липов Дол, Љуботен, Ново Село, Пиперово, Пухче, Скоруша, Степанци, Суво Грло, Танатарци и Чифлик. Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Лакавица, во која влегувале селата Балталија, Горачино, Лакавица, Пухче, Степанци, Танатарци и Шопур.

Избирачко место

Селото е опфатено во избирачкото место бр. 2310 според Државната изборна комисија, сместено во простории на приватен објект во селото Горачино. Во ова избирачко место се опфатено и селата Горачино и Танатарци.[13]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 14 гласачи.[14] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 14 гласачи.[15]

Remove ads

Културни и природни знаменитости

Thumb
Воздушен поглед на вулканската купа Пилав Тепе
Археолошки наоѓалишта[4]
Вулкански наобразби
Remove ads

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads