13 Ноември (населба)

населба во Општина Аеродром From Wikipedia, the free encyclopedia

13 Ноември (населба)map
Remove ads

13 Ноември — високоурбанизирана населба во северозападниот дел на Општина Аеродром. Наречена е според Денот на кој е ослободено Скопје.

Кратки факти Држава, Општина ...
Thumb
Карта на 13 Ноември.
Remove ads

Географија

На југ граничи со населбата Аеродром, на исток и на север со Јане Сандански, додека на север и северозапад со реката Вардар (преку реката е населбата Ќерамидница). Во крајниот југозапад еден крак се граничи со населбата Острово.

Демографија

Според пописот од 2002, населбата 13 Ноември била статистички споена (под статистичкиот назив Аеродром) со населбите Аеродром, Јане Сандански, Лисиче, Мичурин, Ново Лисиче, Острово. Во таа статистичка целина живееле 72.009 жители од кои 96% биле Македонци, 2% Срби и 2% други народности како Роми, Турци и Власи.[1]

Според последниот попис на населението на Македонија од 2021 година, населбата 13 Ноември била статистички споена (под статистичкиот назив Аеродром) со населбите Аеродром, Горно Лисиче, Јане Сандански, Лисиче, Мичурин, Ново Лисиче, Острово, Реонски Центар. Таа статистичка целина имала 75.108 жители.

Следува табела на народносната структура на населението:

Народност Вкупно
Македонци 63.764
Албанци 850
Турци 464
Роми 459
Власи 651
Срби 2.125
Бошњаци 403
Други 6.392
Remove ads

Општествени установи

  • Мајчин Дом

Културни знаменитости

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads