Јане Сандански (населба)

населба во Општина Аеродром From Wikipedia, the free encyclopedia

Јане Сандански (населба)map
Remove ads

Јане Сандански — населба која се наоѓа во Општина Аеродром.

Кратки факти Јане Сандански, Држава ...
Thumb
Карта на Јане Сандански.
Remove ads

Географија

Населбата граничи со 13 Ноември на запад, реката Вардар (Ќерамидница е преку реката) на север, Ново Лисиче на исток, Реонски Центар на југ, и Аеродром на југ и југозапад.

Демографија

Според пописот од 2002, населбата Јане Сандански била статистички споена (под статистичкиот назив Аеродром) со населбите 13 Ноември, Аеродром, Лисиче, Мичурин, Ново Лисиче, Острово. Во таа статистичка целина живееле 72.009 жители од кои 96% биле Македонци, 2% Срби и 2% други народности како Роми, Турци и Власи.[1]

Според последниот попис на населението на Македонија од 2021 година, населбата Јане Сандански била статистички споена (под статистичкиот назив Аеродром) со населбите 13 Ноември, Аеродром, Горно Лисиче, Лисиче, Мичурин, Ново Лисиче, Острово, Реонски Центар. Таа статистичка целина имала 75.108 жители.

Следува табела на народносната структура на населението:

Народност Вкупно
Македонци 63.764
Албанци 850
Турци 464
Роми 459
Власи 651
Срби 2.125
Бошњаци 403
Други 6.392
Remove ads

Самоуправа и политика

Избирачко место

Повеќе информации Број на избирачко место, Установа кадешто се наоѓа ...


На парламентарните избори во 2024 година, гласале вкупно 8.144 жители, каде 49% од гласовите освоила Коалицијата “Твоја Македонија“ ВМРО-ДПМНЕ, 19% Коалицијата за европска иднина - СДСМ и 15% партијата Левица.[4]

Културни знаменитости

  • Парк „Јане Сандански“
    • Црква „Св. Никола“ - се наоѓа на плоштадот „Јане Сандански“. Изградена е во 2011 година, а целосно осветена на 25 мај 2013 година;[5]
    • Споменик на Јане Сандански
  • Парк на езерата
  • Капитол мол

Култура и спорт

Во населбата, односно на северниот раб на населбата, се наоѓа Спортскиот центар Јане Сандански, чии што домашните натпревари ги игра КК МЗТ Аеродром.

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads