Лисиче (населба во Скопје)
населба во Општина Аеродром From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Лисиче — населба во Општина Аеродром, во источниот крај на градот Скопје.
Remove ads
Географија и местоположба
Лисиче е урбанизирана населба во источниот дел на градот Скопје, на 4 км оддалеченост од центарот на Скопје. Се наоѓа на десниот (јужниот) брег на реката Вардар. На исток Лисиче се граничи со населбата Горно Лисиче, на север со Реонски Центар, на северозапад со населбата Аеродром и на запад со населбата 11 Октомври.
Историја
Лисиче почнало да биде градено како бараки после земјотресот во Скопје во 1963 година. Бидејќи населбата била градена во атарот на Горно Лисиче, населбата го добила името Лисиче. Населбата била наменета за Скопјани, кои им биле урнати домовите. Потоа поголемиот дел на Скопјани се вратиле во новоизградените станови во Скопје. По отселувањето на Скопјани, луѓето од внатрешноста започнуваат да се доселуваат.
Remove ads
Стопанство
Демографија
Општествени установи
На територијата на населбата Лисиче се наоѓа ОУ „Димитар Македонски“. Училиштето било основано во 1964 годинa[1] и го носело името ОУ „Сава Ковачевиќ“. Истото било изградено по земјотресот како училиште од монтажен тип, и било донација од Република Франција. Во 2020 започнала неговата реконструкција.[2]
Во населбата има детска градинка „Буба Мара“ која работи во два клона - клон “Пчелка 1“ кој се наоѓа на улицата „Грамос“, блиску до трговскиот центар и вториот клон “Пчелка 2“ кој е понов објект и се наоѓа на улицата „Аврора“, на влезот во населбата. Во градинката престојуваат 275 деца. Во текот на 2012 година се извршила реконструкција на покривот, прозорците и на санитарните јазли[3].
Во центарот на населбата, се наоѓа зградата на Секторот за прекршоци - Полициската станица „Лисиче“. Овој објект во минатото бил полициски интернат.
Во населбата работи и библиотеката „Рајко Жинзифов“ како подружница на Градска библиотека “Браќа Миладиновци“ - Скопје.[4]
Remove ads
Администрација и политика
Избирачко место
- Дел од гласачите биле од Горно Лисиче.
На парламентарните избори во 2024 година, гласале вкупно 3.774 жители, каде 66% од гласовите освоила Коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, 9% Коалицијата за европска иднина предводена од СДСМ и 14% партијата Левица.[7]
Remove ads
Културни и природни знаменитости
Редовни настани
Личности
- Петре М. Андреевски - писател
- Сашка Петковска - пејачка на македонски шлагери
- Славе Димитров - композитор
- Никола Поповски - политичар, поранешен министер за финансии
- Стојна Костовска - глумица родена во Крива Паланка
- Димитар Чемков - музичар, член на групата Бис-Без
- Томислав Кежаровски - новинар
Култура и спорт
Иселеништво
Галерија
- Свечено предавање на 204 станови во населба Лисиче, што биле градени од Република Црна Гора. Претставникот на Црна Гора ги поздравува присутните (3 јануари 1964).
- Лисиче во 1964 година.
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads