1700-ти
десетлетие From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Оваа статија не наведува никакви извори. (октомври 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
| < 1690-ти | 1700-ти | 1710-ти > | |||||||
| 1700 | 1701 | 1702 | 1703 | 1704 | 1705 | 1706 | 1707 | 1708 | 1709 |
Настани
- 1700 — во северозападен Тихи Океан се случил земјотрес со магнитуда 9, Јапонија била погодена од цунами.
- 1700 — започнала Големата северна војна меѓу Русија и Шведска.
- 1701 — започнала Војната за шпанското наследство во која била вклучена скоро цела Европа.[1]
- 1701 — битка кај Карпи меѓу австриската и француската војска. Прва битка во Војната за шпанското наследство во која победа извојувале австриските снаги.
- 1701 — битка кај Кјари, дел од Војната за шпанското наследство. Победа извојувале австриските снаги под команда на Еуген Савојски.
- 1701 — почнуваат да излегуваат првите дневни новини во Англија: Daily Courant и The Norwich Post.
- 1702 — битка кај Кремона дел од Војната за шпанското наследство меѓу австриските и француските трупи.
- 1702 — битка кај Фридлинген дел од Војната за шпанското наследство. Француската војска извојувала Пирова победа над војската на Светото Римско Царство.
- 1702 — шпанската и француската флота доживеале тежок пораз во заливот Виго од англо-холандската флота во текот на Војната за шпанското наследство.
- 1703 — Петар Велики го основа Санкт Петербург, новата руска престолнина на брегот на Балтикот.
- 1704 — во текот на Големата северна војна руските трупи под царот Петар Велики ги заземаат Тарту и Нарва.
- 1705 — Негушки бунт, спротивставување на собирањето данок во крв.
- 1707 — со соединување на шкотскиот и англискиот парламент било створено Кралството Велика Британија.[2]
- 1707 — еруптирал вулканот Фуџи.
- 1708 — гладот убил третина од жителите на Источна Прусија.
Remove ads
Личности
Родени
- 1700 — роден Даниел Бернули, швајцарски лекар, физичар и математичар.
- 1700 — роден Јоаникиј III Цариградски, вселенски патријарх.
- 1700 — роден Бартоломео Растрели, руски архитект со италијанско потекло.
- 1701 — роден Андерс Целзиус, шведски астроном.
- 1701 — роден Пјетро Фалка Лонги, италијански сликар.
- 1702 — родена Ен Бони, пират.
- 1702 — роден Легал де Кермер, француски шахист.
- 1703 — роден Џонатан Едвардс, теолог и мисионер кај домородните Американци.
- 1704 — роден Андрија Качиќ Миошиќ.
- 1704 — роден Морис Кантен де Ла Тур, француски портретист кој работел во стилот рококо.
- 1705 — роден Папа Климент XIV.
- 1706 — роден Бенџамин Френклин, американски научник и политичар.
- 1706 — роден Карл фон Лине, шведски ботаничар и лекар.
- 1707 — роден Фрањо Ксавер Пејачевиќ, хрватски историчар и теолог.
- 1707 — роден Карло Голдони, италијански комедиограф.
- 1707 — роден Леонард Ојлер, швајцарски математичар и физичар.
- 1707 — роден Луис I, шпански крал.
- 1708 — роден Франц I, владетел од Лотариншката династија како цар на Светото Римско Царство.
- 1709 — родена Елисавета Петровна, руска царица.
- 1709 — роден Џовани Доменико Маралди, италијанско-француски астроном.
Починати
- 1701 — починат Вилијам Кид, шкотски морепловец.
- 1702 — починат Амџазаде Ќопрулу Хусеин-паша, османлиски државник и голем везир на империјата.
- 1702 — починат Калиник II Цариградски, вселенски патријарх.
- 1703 — починат Мустафа II, дваесет и вториот султан на Отоманското Царство.
- 1703 — починат Шарл Перо, писател, собирач на народно творештво и член на Француската академија.
- 1703 — починат Роберт Хук, англиски физичар и секретар на Кралското друштво во Лондон.
- 1703 — починат Роберт Хук, англиски физичар.
- 1704 — починат Џон Лок, англиски филозоф.
- 1705 — починат Леополд I, владетел од Хабсбуршката династија како цар на Светото Римско Царство.
- 1705 — починат Џон Реј, англиски природонаучник.
- 1706 — починат Арсение III Црнојевиќ, пеќски патријарх.
- 1707 — починат Дитрих Букстехуде, данско–германски оргулар и композитор во барокниот период.
- 1707 — починат Гаврил III Цариградски, вселенски патријарх.
- 1707 — починат Џеремаја Кларк, англиски барокен композитор и оргулар.
- 1708 — починат Жил Ардуен Мансар, француски архитект.
Remove ads
Откритија
- ...
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads