Јацек Кшинувек
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Јацек Камил Кшинувек (полски: Jacek Kamil Krzynówek; роден на 15 мај 1976 година) — поранешен полски фудбалер, играч од средниот ред.
Remove ads
Технички карактеристики
Флексибилен играч од средниот ред, може да игра на двете крила и зад напаѓачите.
Клупска кариера
Фудбалската кариера ја започнал со Чарзановице, од кој заминал во екипата на Радомско во 1996, на возраст од 18 години. По две сезони, се преселил во Ракув, кои се натпреварувал во Првата лига на Полска во сезоната 1996-1997, каде што го направил своето деби во највисоката дивизија во својата родна земја: сезоната ја завршил со 17 настапи. Следната сезона играл за второлигашот ГКС Белхатув, со кој успеал да избори промоција во првата лига, враќајќи се таму по една сезона. Сепак по завршувањето на сезоната 1998-1999 во која постигнал 6 гола на 27 првенствени натпревари, Кшинувек ја напуштил Полска. Интересот од странски клубови за него бил голем, но Кшинувек одлучил да му се приклучи на Нирнберг.
Во летото 1999 Кшинувек го комплетирал својот трансфер во Нирнберг во Втората Бундеслига. Во петте сезони поминати во клубот, одиграл 142 натпревари и постигнал 28 гола, притоа му помогнал на клубот да избори промоција во Бундеслигата во сезоната 2000-2001. Откако Нирнберг испаднал од Бундеслигата во сезона 2003-2004, Кшинувек потпишал за Баер Леверкузен. Со фармацевтите дебитирал во Лигата на шампионите во сезоната 2004-2005, постигнувајќи еден феноменален гол во победата над Реал Мадрид во групната фаза.
По сезоната 2005-2006, потпишал за Волфсбург. На 2 февруари 2009 за Хановер.
15 август 2011 официјално го објавил своето пензионирање.
Remove ads
Репрезентативна кариера
Тој дебитирал за полската репрезентација на 10 ноември 1998, како играч на ГКС Белхатув, во текот на пријателски натпревар Словачка-Полска 1-3 игран во Братислава. Неговите настапи биле од особена важност во текот на квалификациите за Светското првенство во 2002 година и квалификациите за Светското првенство во 2006 година, на кои Полска земала учество. Тој исто така, бил повикан и за Европското првенство 2008 година,[1], откако одиграл неколку одлични натпревари во квалификациите.
Надворешни врски
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads

