Аеродром Софија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Аеродромот во Софија (IATA: SOF, ICAO: LBSF) (бугарски: Летище София) е најголемиот аеродром во Бугарија. Во 2011 година биле опслужени околу 3,47 милиони патници или 5,4% повеќе од 2010 година.[1]
![]() | Оваа статија бара повеќе извори за проверливост. (септември 2012) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
Remove ads
Историја
Аеродромот најпрво бил изграден во доцните 1930-ти години, на оддалеченост од околу 6,3 километри од центарот на Софија. За време на Втората светска војна, аеродромот бил користен од страна на армијата. Цивилниот сообраќај започнал во 1947 година. Терминалот 1 бил изграден за време на втората светска војна, во манир на модерен европски аеродром од тоа време од архитектот Иван Марангозов. Структурата на терминалот се состои од владино крило на западната страна од терминалот, делот за меѓународни летови е на средината, а делот за летови во границите на Бугарија е во источното крило на терминалот.
Во средината на 1960-тите години започнало спроведувањето на планови за надградба на аеродромот. Имало неколку планови, меѓу кои и да се изгради нов аеродром на оддалеченост од 70 километри од центарот на Софија.[се бара извор] Сепак, официјалните лица се решиле за проширување на сегашниот аеродром. Проектот кој бил планиран во средината на 1960-тите години, сепак бил реализиран кон 2000 година со изградба на нов терминал и нова писта, паралелна со претходната. Финансискиот пакет, во најголем дел од Европската Унија и Кувајт бил договорен во 1998 година, додека работите започнале во 2001 година. Новиот терминал бил официјално пуштен на 27 декември 2006 година.
Remove ads
Реконструкција на аеродромот
- Стариот терминал, сега познат како терминал 1
Во согласност со планот за реконструкција, биле изградени нов терминал и нова писта. Постоечката писта била претворена во патека за таксирање. Вкупната инвестиција беше околу 200 милиони евра, финансии кои беа обезбедени во 1997-98 година од страна на Европската инвестициона банка, Кувајтскиот фонд за развој на арапската економија и ФАРЕ програмата. Реконструкцијата започна напоредно на две работи: новата писта и новиот терминал. Новата писта била отворена во август 2006, додека новиот терминал во декември 2006.
Remove ads
Транспорт до аеродромот
Автобус
Две автобуски линии поминуваат покрај аеродромот во Софија. Времето на патување е околу 20 минути во зависност од сообраќајниот метеж. Од/До терминаот 1 сообраќа автобусот број 84, додека од/до терминалот 2 сообраќа автобусот број 284. Цената на една автобуска карта е 1,60 лева (околу 45 денари).
Такси
Такси превоз е достапен од двата терминали, 1 и 2.
Терминали
- Внатрешност на терминалот 2
- Внатрешност на терминалот 2
- Ареа за чекање на патниците
Терминал 1
Терминалот 1 бил изграден во првата половона на 20. век, и во моментот претежно се користи од нискобуџетните авиокомпании кои сообраќаат од аеродромот.
Терминал 2
Терминалот 2 беше официјално отворен на 27 декември 2006 година и бил еден од најголемите проекти во Бугарија со пари од Европската Унија. На терминалот постојат 7 порти за авионите, 38 шалтери за чекирање и покрива површина од околу 50.000 m2.
Remove ads
Авиокомпании и одредишта
Терминал 1
- Airlift Service (Охрид)
- easyJet (Лондон Гетвик, Мадрид, Манчестер, Милано Малпенза)
- Germanwings (Келн/Бон)
- MyAir (Милано Бергамо)
- MyAir оперирано од Darwin Airline (Венеција)
- Rossiya (Санкт Петербург)
- Wizz Air (Барселона, Брисел Шарлерој, Дортмунд, Лондон Лутон, Милано Бергамо, Рим Фјумичино, Валенсија)
- Wizz Air Bulgaria (Варна)
Терминал 2
- Aegean Airlines (Атина)
- Aer Lingus (Даблин)
- Aeroflot (Москва Шереметјево)
- Air France (Париз Де Гол)
- Air Malta (Малта)
- Alitalia (Рим Фјумичино)
- Alitalia оперирано од Alitalia Express (Милано Малпенза)
- Austrian Airlines (Виена)
- Austrian Arrows оперирано од Tyrolean Airways (Виена)
- British Airways (Лондон Хитроу)
- Bulgaria Air
- Домашни: (Бургас, Варна)
- Меѓународни: (Аликанте, Амстердам, Атина, Барселона, Бејрут, Берлин Тегел, Брисел, Букурешт, Дубаи, Франкфурт, Истанбул Ататурк, Ларнака, Лондон Гетвик, Лондон Хитроу, Мадрид, Малага, Манчестер, Москва Шереметјево, Палма де Мајорка, Папос, Виена, Прага, Рим Фјумичино, Скопје, Тел Авив, Тирана, Триполи, Валенсија, Виена, Цирих))
- Cyprus Airways (Ларнака)
- Czech Airlines (Прага)
- El Al (Тел Авив)
- LOT Polish Airlines (Варшава)
- Луфтханза (Франкфурт, Минхен)
- Lufthansa Regional оперирано од Eurowings (Аеродром Диселдорф|Диселдорф)
- Lufthansa Regional оперирано од Lufthansa CityLine (Минхен)
- Swiss International Air Lines (Цирих)
- TAROM (Аеродром Букурешт Отопени)
- Turkish Airlines (Истанбул Ататурк)
Remove ads
Статистика на аеродромот
Remove ads
Извори
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads