Белка

From Wikipedia, the free encyclopedia

Белка
Remove ads

Белка — проѕирна течна материја околу жолчката во јајцето.[1][2] Кај кокошките се формира од слоевите на секрети на предниот дел од јајцеводот на кокошката за време на преминувањето на јајцето.[3] Се јавува околу оплодени или неоплодени жолчки. Примарна природна цел на белките е да се заштитат жолчките и да се обезбеди дополнителна исхрана за раст на ембрионот (кога се оплодува). Белката првенствено се состои од околу 90% вода во која се раствораат околу 10% белковини (вклучувајќи албумин, мукопротеин и глобулин). За разлика од жолчката, кој содржи многу липиди (масти), белката речиси и да не содржи маснотии, а содржината на јаглехидрати е помала од 1%. Белките содржат околу 56% белковини во јајцето. Белките имаат многу употреби во храната, како и многу други намени (на пр. во подготовката на вакцини како што се оние против грип[4]).

Thumb
Сурова жолчка од јајце опкружено со белка
Remove ads

Состав на белката на кокошкино јајце

Белката сочинува околу две третини од тежината на пилешкото јајце, од кои околу 90% се вода, а остатокот се белковини, минерали, масти, витамини и гликоза. Едно пилешко јајце со средна големина содржи околу 33 грама белка со 3,6 грама белковини, 0,24 грама јаглехидрати и 55 милиграми натриум. Не содржи холестерол. Содржината на енергија е околу 17 калории. Белото јајце е алкален раствор и содржи околу 148 белковини.[5][6]

Remove ads

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads