Белкаменска Река

река во Леринско, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Белкаменска Рекаmap
Remove ads

Белкаменска Река (Менска Река, Елешка Река или Которска Река; грчки: Δροσοπόταμος, Дросопотамос или Δροσοπηγιώτικο ρέμα, Дросиопигиотико рема) — река во Леринско, Егејска Македонија.[1][2]

Кратки факти Белкаменска Река Δροσοπόταμος, Местоположба ...
Remove ads

Опис

Реката извира од планината Вич северно под врвот Клепелото (1.878 м) под името Сара и тече на североисток[2] низ густа и дива букова шума.[1] Ја прима десната притока Богаз и левата Павлин во котлината на поранешното село Елово (по кое реката е наречена Елешка).[2] Кај старото село на Бел Камен (по кое е наречена Белкаменска) стои камен мост од 1852 г., дело на месни мајстори, како и убава стара воденица која сè уште работи.[1] Минува низ Бел Камен и излегува од планината кај Горно Котори (по кое е наречена Которска), свртува на север, па проаѓа низ Долно Котори и Кучковени. Традиционално се влева во Сакулева Река кај Лажени,[2] но денес реката е зафатена во голем број на мали акумулации.[1]

Remove ads

Притоки

→ лева притока, ← десна притока

  • ← Богаз[2]
  • → Павлин[2]
  • ← Стара Река[2]

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads