Високи Таури
планински венец From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Високи Таури (германски: Hohe Tauern, италијански: Alti Tauri) — планински венец од главната верига на Централните Источни Алпи со највисоките врвови источно од превојот Бренер. Ја образува јужната граница на покраината Салцбург со покраините Корушка и Тирол во Австрија, додека пак мал потег во југозападниот дел влегува во покраината Јужен Тирол во Италија. Во венецот е сместена највисоката планина во Австрија, наречена Гросглокнер (или Велики Клек), со висина од 3.798 м над Јадранот.
Источно од веригата продолжува понискиот венец Долни Таури.
Remove ads
Географија
Според класификацијата на Аплското друштво, венецот е ограничен од долината на Залцах на север (која го дели од Кицбиелските Алпи), долината на Мура и превојот Муртерл на исток (кои го делат од Ниските Таури), долината на Драва на југ (која го дели од Јужните Варовнички Алпи) и превојот Бирнлике на запад (кој го дели од Цилерталските Алпи).
Најважни планински групи по сртот се (од запад кон исток):

- Фенедигерска група (вкл. Гросфенедигер, 3.666 м и Лазерлинг, 3.098 м)
- Гранатшпичка група (Голем Мунтаниц, 3.232 м и Гранатшпице, 3.086 м)
- Глокнерска група (Гросглокнер, 3.798 м)
- Голдбершка група (Виш Зонблик, 3.106 м)
- Анкогелска група (Хохалмшпице, 3.360 м, Анкогел, 3.246 м) и Рајсечка група (Рајсек, 2.965 м)
Источниот крај на Високите Таури го образува масивот Хафнер во Анкогелската група, во кој спаѓаат најисточните триилјадни врвови на Алпите.
Јужно од главниот срт на Алпите лежат другите планински групи на Високите Таури (од запад кон исток):
- Ризерфернерска група (Хохгал, 3.436 м)
- Вилгратенски Планини (Вајсе Шпице, 2.962 м)
- Шоберска група (вкл. Пецек, 3.283 м и Хохшобер, 3.240 м)
- Кројцечка група (Мелталер Полиник, 2.784 м)
Remove ads
Национален парк Високи Таури

Долж 100 км од главната верига се протега Националниот парк Високи Таури (Nationalpark Hohe Tauern) во владение на Австрискиот алпски клуб, со доделени територии од покраините Корушка, Салцбург и Тирол. Со површина од 1.834 км2, ова е во голема мера најпространиот национален парк во Австрија, како и најголемиот природен резерват на Алпите.[1] Поделен е на главно подрачје, во кое влегуваат масивите Гросглокнер и Гросфенедигер и каде земјоделството и сточарството се сосема забранети, и пограничен појас, каде е дозволено шумарството, напасувањето добиток по ливадите и работа на бачилата. Постојат пет посебни природни подрачја каде јавноста воопшто нема никаков пристап.
Паркот е ставен во II категорија според Меѓународниот сојуз за заштита на природата и ги опфаќа ледникот Пастерце, низа други ледници, Кримлските Водопади, неколку леднички долини и наносни конуси, како и пространа високогорска тундра и шуми. Меѓу растителноста, по шумската граница растат лимби (Pinus cembra); над тоа се полугрмушките, сочинети претежно од алпска роза (Rhododendron ferrugineum) но и ендемската Рудолфова каменоломка (Saxifraga rudolphiana), кои се протегаат до вечноснежно ниво на околу 2.800 м. Животинскиот свет е застапен со дивокозата, алпскиот козорог и обичниот елен, како и белоглавиот мршојадец и златниот орел. Застапени се и брадестиот мршојадец и алпскиот мрмот, кои се повратени на подрачјето откако претходно биле истребени.
Remove ads
Врвови


Позначајни врвови на Високите Таури се следниве:
Поврзано
- Ниски Таури
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads