Гама Големо Куче

From Wikipedia, the free encyclopedia

Гама Големо Куче
Remove ads

Гама Големо Куче (γ Canis Majoris, скратено Гама CMa, γ CMa), исто така наречена Мулифен (/ˈmjuːlɪfn/),[10]ѕвезда во јужното соѕвездие на Големо Куче. Не е јасно точно зошто оваа релативно слаба ѕвезда ја добила ознаката „гама“, но веројатно затоа што е во истиот дел од соѕвездието како Сириус (алфа) и Мирзам (бета).

Кратки факти Податоци од набљудување Епоха J2000.0 Рамноденица J2000.0, Соѕвездие ...
Remove ads

Номенклатура

Гама Големо Куче претставува бајерова ознака на ѕвездата.

Го носеи традиционалното име Мулифен[11], и не треба да се меша со Мухлифен, што е ознака за Гама Кентаур; двете имиња потекнуваат од истиот арапски корен, محلفين muħlifayn. Во 2016 година, Меѓународниот астрономски сојуз организирал Работна група за имиња на ѕвезди (РГИЅ) за да ги каталогизира и стандардизира соодветните имиња за ѕвездите[12]. РГИЅ го одобрил името Muliphein за оваа ѕвезда на 21 август 2016 година и денес името е внесено во Каталогот на имиња на ѕвезди на МАС [13].

Remove ads

Својства

Гама Големо Куче е синобел сјаен џин од типот Б[3] со ѕвездена класификација B8II и привидна величина +4,11. Таа е приближно 440 светлосни години од Земјата. Таа е хемиски чудна ѕвезда Hg-Mg која прикажува абнормални линии на жива и магнезиум.[8] Оваа ѕвезда има 5,6 пати поголем полупречник од Сонцето, а надворешната атмосфера има делотворна температура од 13.596 келвини.[6]

Оваа ѕвезда е осомничена дека е спектроскопски бинарен систем, и постои придружник на аголно растојание од 0,332″ по должината на положбениот агол од 114,8°. Таа е член на расеаното јато Колиндер 121.[14]

Remove ads

Современо наследство

Мулифин се појавува на знамето на Бразил, симболизирајќи ја државата Рондонија.[15]

Товарниот брод на американската морнарица УСС <i id="mwdw">Мулифен</i> (АКА-61) го добил името по ѕвездата.

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads