Георгиос Перос
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Георгиос Перос (грчки: Γιώργος Πέρρος) или Перакис (Περάκης) — грчки револуционер, андартски капетан и учесник во Борбата за Македонија.
Животопис
Тој е роден на островот Крит. Во мај 1903 годинја за првпат пристигнал во Македонија заедно со Георгиос Диконимос, Павлос Мелас и Кондулис. Со дозвола на грчкиот конзул заминал од Солун за Костур и врската меѓу криќаните и митрополитот Германос Каравангелис.
На 13 јули 1903 година ја минал грчко-турската граница и повторно навлегол во Македонија со андартска чета која бил организирана од Георгиос Цондос, а во неа биле и останатите критјани Георгиос Диконимос, Евтимиос Каудис, Ламбринос Вранас, Георгиос Сејменис, Георгиос Зуридис, Георгиос Стратинакис, Евстратиос Бонатос, Манусос Катунатос и Николаос Лукакис[1].
Во јули четата на Вангел Георгиев го пресретнува Георгиос Перос и заедно почнале да дејствуваат против четите на Македонската револуционерна организација [2].
Заедно со Германос Каравангелис ја засилуваат грчката пропаганда во Костурско и Леринско. По избувнувањето на Илинденското востание имаат борба со чета на Македонската револуционерна организација кај Влахоклисура, а подоцна учествуваат во опожарувањето на Косинец.
По палењето сите критјани, со исклучок на убиениот Георгиос Сејменис, се повлекуваат од Македонија, но следаната 1904 година се вратиле повторно назад [3].
Remove ads
Извори
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads