Демирџојани
село во Драмско, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Демирџојани или Тимурџи Аврен или (грчки: Περιστέρια, Перистерија)[2] — село во Општина Доксат во Драмски округ, Егејска Македонија, денес во областа Источна Македонија и Тракија, Грција.
Remove ads
Географија и местоположба
Селото се наоѓа на 10 километри југоисточно од градот Драма и на 29 километри источно од Доксат.
Селото се наоѓа на надморска височина од 535 метри.
Историја
Отоманско Царство
Селото во текот на XIX век се наоѓало во Драмската каза во составот на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година, селото имало 370 Турци[3].
По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година биле евидентирани 509 жители[4].
Според Лозанскиот договор потпишан помеѓу Турција и Грција, во селото било населено грчко население од Турција, додека муслиманското население ги напуштило своите домови.
Remove ads
Демографија
Во 1928 година во селото биле сместени 53 грчки семејства со 192 лица[6]. Во 1928 година, бројот на населението бил 231 лица, додека во 1940 година селото броело 359 жители.
Селото според пописот од 1951 година броело 233 жители, на пописот од 1961 година во селото живееле 106 жители, во 1981 година имало 18 жители, додека во 1991 година имало 5 жители[7]. Денеска, населението на селото е 10 жители според пописот од 2011 година.
Преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads