Десница (политичка партија)

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Десница (до ноември 2022 година позната како Партија за економски промени 21 (ПЕП 21)) — македонска политичка партија. Партијата е формирана на 5 јули 2013 година и во судскиот регистар првично е заведена како „Политичка партија за економски промени 21“.

Кратки факти Десница, Водач ...

Согласно законот за политички партии, ПЕП 21 на 3 јули 2017 и на 2 јули 2021 година изврши усогласување, односно пререгистрација на партијата. На собранието одржано во мај 2022 година, за претседател повторно беше избрана Билјана Јовановска.

Во ноември 2022 година, на вонредно собрание, беше донесена одлука за промена на името, симболите и логото, по што со упис во судскиот регистар партијата го доби новото име — Десница[2].

Remove ads

Учество на избори

Партијата за првпат учествувала самостојно на парламентарните избори во 2014 година, на кои освоила 1.281 гласови или 0,1% од вкупниот број на гласови. На парламентарните избори во 2016 година партијата била дел од коалиција предводена од СДСМ.

На локалните избори во 2025 година партијата настапила со листа за советници во Општина Аеродром, каде освоила 444 гласови.[3]

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads