Докозахексаеноинска киселина
хемиско соединение From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Докозахексаеноинска киселина (ДХК) е омега-3 масна киселина; примарна структурна компонента на човечкиот мозок, церебралниот кортекс, кожата и мрежницата. Во физиолошката литература, го носи името 22:6(n-3). Може да се добие од алфа-линоленска киселина или директно од мајчино млеко, мрсни риби, рибино масло или масло од алги.[1]
ДХК е карбоксилна киселина со ланец од 22 јаглеродни атоми (докоса- на старогрчки значи 22) и шест (хекса) двојни врски (ен);[2] првата двојна (незаситена) врска се наоѓа на третиот јаглероден атом од омега крајот.[3] Позната е и како е цервонска киселина (од латинскиот збор cerebrum за „мозок“).
Присуството на докозахексаеноинската киселина кај рибите и повеќеклеточните организми е поради тоа што тие се хранат со фотосинтетички и хетеротрофни микроалги, а ја има во поголеми количини во организмите кои се повисоко во синџирот на исхрана. ДХК за комерцијални цели може да се екстрактира од некои видови микроалги.[4]
Кај организмите кои не јадат алги кои содржат ДХК, ниту пак се хранат со животни кои содржат ДХК, присуството на ДХК се должи на внатрешното производство на алфа-линоленска киселина - пократка омега-3 масна киселина произведувана од растенија (а ја има и кај животински производи кои се хранат со вакви растенија).[5] ДХК во мајчиното млеко е важна за развој на новороденчето.[6] Жените произведуваат 15% ДХК од мажите.[7]
ДХК е најзастапена масна киселина во фосфолипидите на мозокот и мрежницата на окото. Постојано се прават испитувања за потенцијалната улога и придобивки на ДХК во лечењето на различни болести,[8] претежно насочени на нејзиниот механизам кај Алцхајмеровата болест [9] и кардиоваскуларните заболувања.[10]
Remove ads
Составна компонента на централниот нервен систем
ДХК е најзастапена омега-3 масна киселина во мозокот и мрежницата.[11] ДХК сочинува 40% од полинезаситените масни киселини во мозокот и 60% во мрежницата. Педесет проценти од клеточната мембрана на невроните е составена од ДХК.[12]
Фосфатидилсеринот – кој содржи големи количини на ДХК – има улоги во нервната сигнализација и синтезата на невротрансмитерите[11] а недостатокот на ДХК е поврзан со намалување на когнитивниот способност.[11][13] Нивото на ДХК во мозочното ткиво е намалено кај луѓе со изразена депресија.[14][15]
Remove ads
Метаболичка синтеза
Луѓето ДХК ја внесуваат со исхраната или може во мали количини да се претвора од еикосапентаеноичната киселина (ЕПА) преку докозапентаеноинската киселина (ДПА) како посредник.[5][16]
Кај организми како микроалги, мов и габи, биосинтезата на ДХК се случува со серија реакции на заситување и издолжување, катализирани со низно дејство на ензими.
Потенцијални здравствени ефекти
Кардиоваскуларни
Иако се вршени со методолошки недоследности, има убедливи докази од анализи и опити вршени врз животни кои ја покажуваат корисноста на омега-3 киселините за кардиоваскуларното здравје.[17] Се тврди дека ДХК е најкорисна затоа што навлегува во миокардот, и поради нејзиното силно антиинфламаторно дејство и нејзиниот метаболизам за невропротектините и резолвините (кои директно придонесуваат за срцевата функција).[18]
Бременост и доење
Храната богата со омега-3 масни киселини може да им се препорача на жените кои сакаат да забременат или дојат.[19]
Функции на мозокот и очите
Како главна структурна компонента на централниот нервен систем на цицачите, ДХК е најзастапена омега-3 масна киселина во мозокот и мрежницата.[20] Функционирањето на мозокот и мрежницата зависат од внесувањето на ДХК преку исхраната за да поддржат разни својства на клеточната мембрана и клеточната сигнализација, а најмногу за сивата маса и ретиналните фоторецептори мрежницата, кои имаат многу мембрани.[21][22]
Истражувањата покажаа дека ДХК нема придонесува значајно во подобрувањето на визуелното поле кај лица со ретинитис пигментоза (тунелски вид).[23]
Исхрана

Во 100 г. варен лосос има 500-1500 мг. ДХК и 300-1000 мг. ЕПА.[24] Други видови на морска храна богати со ДХК се кавијарот (3400 мг. на 100 грама), сарделите (1292 мг. во 100 грама), скушата (1195 мг. во 100 грама), и варената харинга (1105 мг. во 100 грама).[24] Мозоците од цицачи исто така се добар директен извор. Говедскиот мозок, на пример, содржи приближно 855 мг. ДХК во 100 грама.[25]
Употреба како додаток на храна
ДХК е често користена како додаток во исхраната. На почетокот се користеше првенствено како исхрана за доенчиња.[26]
Одредени ДХК производи се вегетаријански - извлечени од алги и на пазарот се продаваат како алтернатива за рибиното масло кое содржи ДХК и други омега-3 киселини (како ЕПА). И рибиното масло и ДХК се без мирис и без вкус откако ќе се преработат како додаток во храната.[27]
Студии за вегетаријанци и вегани
Вегетаријанската храна обично содржи ограничени количини на ДХК, а пак веганската обично не содржи ДХК.[28] Додатоците базирани на алги го зголемуваат нивото на ДХК.[29]
ДХК и ЕПА во рибино масло
Рибиното масло се продава во капсули кои содржат мешавина од омега-3 масни киселини, вклучувајќи ги ЕПА и ДХК. Оксидираното рибино масло во капсули може да содржи пониски нивоа на ЕПА и ДХК.[30][31] Светлината, изложеноста на кислород и топлината придонесуваат за оксидација на суплементите од рибино масло.[30][31] Со купувањето на квалитетен производ што се чувал на ладно на место, а потоа со негово чување во фрижидер се минимизира оксидацијата.[32]
Remove ads
Хипотетичка улога во еволуцијата на човекот
Изобилството на ДХК во морската храна се претпоставува дека помогнало во развојот на големиот мозок,[33] но други истражувачи тврдат дека и копнената храна исто така може да ја обезбеди потребната ДХК.[34]
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads


