Дренак (Пробиштипско)

село во Општина Пробиштип From Wikipedia, the free encyclopedia

Дренак (Пробиштипско)map
Remove ads

Дренак (порано познато како: Дренок) — село во Општина Пробиштип, во Злетовско-пробиштипскиот регион, во околината на градот Пробиштип.

Кратки факти
Remove ads

Географија и местоположба

Thumb
Куќи во селото

Селото се наоѓа во средишниот дел на територијата на Општина Пробиштип, од десната страна на Злетовска Река.[2] Селото е ридско, а од градот Пробиштип селото е оддалечено 7 километри.[2]

До селото се стигнува преку локален асфалтен пат, преку исклучување во самиот град Пробиштип, а потоа патот продолжува преку селото Стрмош.

Селото се наоѓа во подрачјето на планината Манговица.

Remove ads

Историја

Подрачјето на Дренак е населено уште од доцната антика и од доцноримското време, за што сведочат повеќе наоѓалишта во неговата околина.[3]

Во 2014 година селото е официјално преименувано во Дренак.[4]

Стопанство

Атарот на селото е мал и зафаќа простор од 5,5 км2, при што преовладува обработливото земјиште со површина од 314,2 хектари, на пасиштата отпаѓаат 210,4 хектари, а на шумите само 3,6 хектари.[2]

Во основа, може да се каже дека селото има полјоделска функција.[2]

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Дренак живееле 205 жители, од кои 105 Македонци и 100 Турци.[5] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Дренак имало 120 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[6]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 150 Македонци.[7]

Селото е мало и во 1961 година броело 229 жители, а во 1994 година само 31 жител, македонско население.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото Дренак живееле 26 жители, сите Македонци.[8]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 4 жители, сите Македонци.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]

Родови

Дренак е македонско село.[13]

Според истражувањата од 1970-тите, родови во селото се:

  • Староседелци: Алексовци (21 к.) и Краљевци (12 к.).
  • Доселеници: Барбаревци (9 к.), доселени се во првата половина на XIX век од селото Горно Барбарево.
Remove ads

Самоуправа и политика

Кон крајот на XIX век, Дренак било село во Кратовската каза на Отоманското Царство.

Селото влегува во рамките на Општина Пробиштип, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што биле споени поранешните општини, Пробиштип и Злетово. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Пробиштип.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Пробиштип. Во периодот од 1955 до 1965 година, селото било дел од некогашната Општина Пробиштип.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Пробиштип, во која покрај селото Дренак, се наоѓале и селата Горни Стубол, Гризилевци, Добрево, Долни Стубол, Калниште, Кундино, Марчино, Неокази, Петршино, Плешенци, Пробиштип и Стрмош. Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Плешенци, во која влегувале селата Горни Стубол, Долни Стубол, Дренак, Плешенци, Петршино и Стрмош.

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 1541 според Државната изборна комисија, сместено во простории на приватна куќа.[14]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 9 гласачи.[15] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 7 гласачи.[16]

Remove ads

Културни и природни знаменитости

Археолошки наоѓалишта[3]
Цркви[17]
Манастири

Галерија

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads