Емили Блант
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Емили Оливија Лора Блант (родена на 23 февруари 1983 г.)[1] — англиска глумица.
Таа играла во филмовите: Ѓаволот носи Прада (2006), Младата Викторија (2009), Агенти на судбината (2011), Лупер (2012), На работ на иднината (2014), Во шумата (2014) и Сикарио (2015). Таа пет пати била номинирана за Златен глобус, четири пати за наградата на националната асоцијација на критичари и еднаш за наградата БАФТА. Таа добила Златен глобус за најдобра глумица во споредна улога за нејзината изведба во телевизискиот филм Ќерката на Гидеон (2007).[2] Во 2009 година, таа ја добила БАФТА Британија наградата за најдобра британска глумица на годината.[3]
Remove ads
Ран живот
Блант е родена во Лондон, Англија,[4][5] како второ дете во семејството на Џенис,[6] учителка и поранешна глумица, и баристерот Оливер Симон Питер Блант.[7][8][9] Таа има две сестри, Фелисити и Сузана и брат Себстијан.[7] Нејзиниот дедо, Питер Блант бил офицер во британската армија, а нејзиниот чичко Криспин Блант [10] е политичар и пратеник во британскиот парламент.
Од 7 до 14-годишна возраст, Блант имала проблем со пелтечење.[11] Нејзина учителка и помогнала да го надмине пелтечењето преку глума.[12] Таа е член на одборот на директори на американскиот институт за пелтечење.[13] Блант се школувала во училиштто „Ibstock Place“ и на 16-годишна возраст се запишала во приватниот колеџ за уметности „Hurtwood House“.[14] Таму, таа била откриена од агент.[14]
Remove ads
Личен живот

Блант била во тригодишна врска со канадскиот пејач Мајкл Бубле. Тие се запознале во 2005 година зад сцената на доделувањето на наградите Логи во Мелбурн. Тие живееле заедно во Ванкувер, Канада, но ја прекинале врската во 2008 година.[15]
Во ноември 2008 година, Блант започнала врска со американскиот глумец Џон Красински. Блант и Красински се вериле во август 2009,[16] и се венчале на 10 јули 2010 година во Комо, Италија.[17] На 16 февруари 2014, тие ја добиле ќерката Хејзел.[18]
Нејзиниот брат, Себастијан, исто така е глумец, а нејзината сестра Фелисити, која е книжевен агент[19] е омажена за глумецот Стенли Тучи, кој играл заедно со Емили во Ѓаволот носи Прада. Емили била таа која ги запознала двајцата.[20][21]
Во август 2015 година, таа добила американско државјанство.[22]
Remove ads
Филмографија
Филм
Телевизија
Театарски претстави
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads