Избишта (Драмско)

поранешно село во Драмско, Егејска Македонија, Грција From Wikipedia, the free encyclopedia

Избишта (Драмско)map
Remove ads

Избишта (грчки: Αγριοκερασιά, Агрокерасија; до 1927 г. Ίζμιστα, Измиста[1]) — поранешно село во Драмско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Неврокоп во областа Источна Македонија и Тракија, Грција. Сè до 1920-тите било населено со Македонци-муслимани.[2]

Кратки факти Избишта Αγριοκερασιά, Земја ...
Remove ads

Географија

Селото се наоѓа во историско-географската област Чеч, речиси на самата граница со Пиринска Македонија во Бугарија. Лежи на околу 4 км јужно од Годешево во Неврокопско одејќи по црни патишта. На запад се граничи со реката Места и Ракиштен, на југ со Витово, на исток со реката Доспат, а на север со Годешево преку границата.

Историја

Антика

Источно од селото во месноста Градиште (Циропаљ) има остатоци од стари ѕидини на римска тврдина која го контролирала влезот во Никопол на Места од југ.[3]

Во Отоманското Царство

Во скратен регистар на ливата Паша од 1519 г. селото Избишта (Избиште) е запишано вака — муслимани: 2 домаќинства; немуслимани: 50 домаќинства, ергени - 7, вдовици - 3.[4] Во подробен регистар на санџакот Паша од 1524-1537 г. за селото Избишта (Избиште) са регистрирани муслимани: 35, [до крајот на редот нечитлив текст].[5] Во скратен регистар од 1530 г. селото Избишта (Избиште) се води со муслимани: 5 домаќинства; немуслимани: 67 домаќинства, ергени - 12; вдовици - 4.[6] Во подробен регистар на санџакот Паша од 1569-70 г. даночно обврзаното население е претставено вака: муслимани - 14 семејства и 10 ергени; немуслимани - 28 семејства, 24 ергени и 2 вдовици.[7] Во подробен регистар за собирањето на данокот авариз од Неврокопската каза за 1723 г. за селото Избишта (Избиште) има 32 муслимански домаќинства, од кои 1 на спахија на тимар и едно на сеид (потомок на Мухамед од ќерка му Фатима).[8] Ова дава претстава за тоа кога населението било исламизирано.

Во XIX век Избишта било муслиманско село во Неврокопската каза. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Избиште (izbischté) било село со 68 домаќинства на 190 жители Македонци-муслимани.[9] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Избишта било село со 440 Македонци-муслимани[10][11] кои живееле во 60 куќи.[12] Според Стефан Верковиќ кон крајот на XIX век Избишта имало 214 мажи Македонци-муслимани кои живееле во 68 куќи.[13]

Во Грција

Во Првата балканска војна во 1912 г. селото е окупирано од бугарска војска. По податоци на Бугарската егзархија, кон крајот на 1912 и почетокот на 1913 г. во Избишта живееле 126 семејства со вкупно 584 лица.

По Втората балканска војна во 1913 г. истото е припоено кон Грција. Според грчка статистика во 1913 г. Избишта (Ίσμπιστα) имало 650 жители.[14] Во 1920 г. во селото се попишани 584 жители.[2]

Во 1923 г. Избишта имало 100 куќи со 580 жители.[3] Истата година жителите се иселени во Турција по сила на Лозанскиот договор, а на нивно место се доведени 126 грчки колонисти од Турција (37 семејства).[15] Во 1927 г. селото е преименувано во Агриокерасија[16] што значи „вишна“. Во 1928 г. селото имало 166 жители, а во 1940 г. броело 160 лица.

Селото е повторно иселено за време на Граѓанската војна, и потоа не било обновено.[2]

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads