Годешево

From Wikipedia, the free encyclopedia

Годешевоmap
Remove ads

Годешевосело во Неврокопско, Пиринска Македонија, денес во општината Сатовча на Благоевградската област, југозападна Бугарија.

Кратки факти Годешево, Земја ...
Remove ads

Географија и местоположба

Селото Годешево се наоѓа на 27 километри јужно од Хаџидимово и на 14 километри јужно од општинскиот центар Сатовча. Селото е планинско кое се наоѓа во подножјето на западните делови на Родопите на надморска висина од 714 метри, во историко-географската област Чеч и на самата граница со Грција, каде реката Места, како јужна граница, прави завој и влегува на територијата на Грција. Во речното корито има минерален извор, откриен во летото 2007 година. Во јужниот дел на селото се наоѓа една микро брана со капацитет од околу 350 м3, каде постојат услови за риболов. Климата е умерена со четири сезони. Највисоки места територијата на селото се подрачјата Бабел и Грло - околу 850 метри надморска височина. Атарот на селото зафаќа површина од 11.456 км2.

Remove ads

Историја

Среден век

Во близина на селото биле откриени остатоци од средновековна населба и црква од доцниот среден век.[1] Освен тоа во месноста Радеви Лаки биле откриени 24 бронзени византиски монети од 6 век. Тие се од Анастасиј I, Јустин I и Јустинијан I. Оние од Јустинијан се најстари и биле направени во 548/549 година.[2]

Османлиско Царство

Во османлиски документи селото се среќава под името Годишева (غــودـيــشــوﻩ).[3] Во текот на 19 век, селото било муслиманско и припаѓало кон Неврокопската каза на Отоманското Царство. Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Гудешево (Goudéchevo) е село со 30 семејства и 89 Помаци[4][5] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 650 жители, сите Помаци[6] во 65 куќи.[7] Според Стефан Верковиќ во 1881 година во селото живееле 96 муслимански машки лица во 30 куќи[8].

Бугарија

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Бугарија.

Според Димитар Гаџанов во 1916 година во В’лкосел, Годешево, Слаштен и Туховишта живееле 3012 Помаци.[9]

Население

Според податоците од пописите кои биле спроведени во 1926, 1934, 1946 и 1956, населението на Годешево било: 661, 730, 842 и 856 лица.[10]

Повеќе информации Година, Жители ...
Повеќе информации Националност, Население ...
Население по возраст
од 2011 година
[12]:
Remove ads

Религија

Главната религија во селото е исламот, а населението се состои целосно од Помаци. Минарето на џамијата било изградено во 1966 година, по кое било срушено во 1985 година за време на социјализмот и повторно изградено во 1991 година.

Во 2000 година, џамијата била целосно реновирана. Целиот дом на богослужба бил срушен и на негово место бил изграден нов. Средствата биле донирани од селаните и добротворни цели на поединци.

Remove ads

Општествени установи

За Кметство Годешево нема точна информација од кога постои, но според податоци од постарите луѓе, тоа постоело и пред 1944 година како административен орган. Во селото биле назначувани кметови главно од село Сатовча, а по 1970 година и од самото село.

Читалиште

Читалиште „Искра“ било основано во 1953 година. Негови секретари биле:

  • Сулејман Чангалов (1953 – 1964)
  • Јусеин Мехмедов Кехајов (1964 – 1970)
  • Румен Емилов Медаров (1970 – 1980)
  • Здравко Асенов Амзов (1980 – 1983)
  • Зинаида Палова (1983 – )

Во 1983 година била воведена должноста претседател. На тоа место се наоѓале:

  • Арсени Бостандиев (1983 – 1986)
  • Стефан Дерев (1986 – 1990)
  • Илија Хаџиев (1990 – 1993)
  • Јулијан Асенов Оручев (1993 – 2003)
  • Стефан Дерев (2003 – )

Некои од активностите на читалиштето се организирање на празници и прослави како што се 3 март, 8 март 24 мај, Нова Година и други. Во центарот на заедницата постои ансамбл кој редовно презентира музички програми за време на празниците што се одржуваат во селото Годешево. Аматерскиот тим редовно учествува во општинскиот „Собир на производители на тутун на општина Сатовча“. Во 2005 година тие учествувале во видео-записите на Радио Благоевград. Ансамблот, исто така, учествува на собир што се одржува на Предел, каде тие освоиле голем број награди, сертификати, златни и сребрени медали. Тие го освоиле првото место на натпреварот за пеење во 1978 година.

Училиште

Основното училиште „Браќа Миладинови“ било основано во 1926 година. За време на учебната 1926/1927 година, во училиштето биле запишани 53 ученици. Први учители биле Цано Христов од селото Микре и Стефана Иванова од Софија. Во 1929 година, Христина Петрова од Видин и Димитар Петров од селото Врв предавале во Годешево. Во 1938 година, Стефан Пашалиев пристигнал во селото од Неврокоп.

На 3 февруари 1938 година, на иницијатива на капетанот Бандерски, кметот Иван Апостолов и наставникот Борис Колев, била поставена основата на училишната зграда, но во 1946 и 1947 година училиштето било окупирано од униформирана полиција и од 7 февруари 1946 година до 12 февруари 1947 година наставата била прекинета.

Remove ads

Личности

  • Сулејман Чангалов – бугарски општественик
  • Мустафа (Ма̀ксим) Чангалов – првиот учител во селото
  • Николај Манов – долгогодишен директор на училиштето.

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads