Иригографија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Иригографија или иригоскопија со иригографија — сликовна дијагностичка метода во радиологијата наменета за испитување на болести на дебелото црево што е минимално инвазивна. Иригографијата се изведува со рендгенско зрачење, откако на пациентот, за подобро прикажување на структурите на дебелото црево, ректално му се дава контрастно средство (бариумско или јодно) во облик на клизма. Методот начелно е безболен, но кај некои пациенти може да предизвика чувство на непријатност, напнатост и непријатност. Дозата на јонизирачко зрачење на која е изложен пациентот за време на прегледот зависи од времетраењето на прегледот и е многукратно повисока отколку при стандардното снимање на рендген.[1][2]
Remove ads
Значење и перспектива на методот
Интензивниот развој на современи ендоскопски методи,[3] кои даваат увид во состојбата на цревната слузница и мултидетекторски КТ техники кои овозможуваат прецизна евалуација на цревниот ѕид и околните структури, направила иригоскопијата со иригографијата донекаде да ја изгуби својата важност, делумно поради делотворната доза на зрачење која при едно снимање е од 3 до 5 mSv.[4]
Меѓутоа, поради неговата достапност, едноставноста во извршувањето и можноста за испитување на целото дебело црево, овој преглед сè уште често е примарен метод во радиолошката дијагноза на дебелото црево. Пациентите добро ја поднесуваат иригографијата, нејзината цена е прифатлива и има низок постоток на усложнувања (1 перфорација на 25.000 постапки).
Една од предностите на иригографијата во однос на оптичката колоноскопија е попрецизното определување на местото на промените (на пр. кај ракот), што е од големо значење за хируршкото планирање на терапијата.
Кога се изведува со двоен контраст и во услови на хопотонизација, осетливоста на овој метод при откривање на аденоми поголеми од 10 мм може да биде и до 80%.
Remove ads
Показатели


- Акушерски услови
- Нејасна дијареја (пролив)
- Наоѓање на причината за окултна или видлива крв во столицата
- Улцеративен колитис и Кронова болест
- Неспецифичен ентеритис
- Радијациски ентеритис
- Постоперативни атхезии (слепување)
- Тумори на дебелото црево (примарни - бенигни или малигни)
- Полипи на дебелото црево, доколку не се отстранат при преглед на пр. колоноскопија - може да бидат канцерогени.
- Дивертикулоза (на ѕидот на дебелото црево образувани мали торбички кои можат да се воспалат).[5][6]
- Интусусцепција или состојба во која еден дел од цревата е вовлечен во друг (во некои случаи, иригографијата може да ја излечи инвазијата).[7][8]
- Функционални причини како што е синдром на нервозно дебело црево.
- Манифестации на дебелото црево кај болести на лимфниот систем
- Предоперативна проверка пред преместување на анусот.
Remove ads
Спротивни знаци
- Релативни
- Бременост, бидејќи употребата на јонизирачко зрачење за време на бременоста може да му наштети на фетусот.[б 1]]
- Алергиски реакции на контрастното средство.
- Апсолутни
- Акутен абдомен (перитонитис, акутен мезентеритис)
- Нарушувања на абдоминалната циркулација,
- Откривање на слободен воздух како индикација за перфорација,
- Токсичен мегаколон,
- Длабока биопсија пред помалку од 7 дена.
Подготовки
За да се изврши снимањето, дебелото црево мора да биде чисто, без измет во него. За успешно да се направи иригографијата, потребно е:
- Неколку дена пред прегледот да се јаде лесна храна, да се зема лаксатив, а понекогаш е неопходна и клизма.
- Два дена пред прегледот да се зема лесна и лесно сварлива храна (тестенини, палента, варено посно месо).
- Истовремено со храната да се зема Dulcolax (3x2 таблети)
- Вечерта пред прегледот да се испие сируп колокленс, најрано после 17 часот.
- Утрото пред прегледот да не се консумира храна (прегледот треба да биде на празен стомак).
Remove ads
Тек на прегледот

Ова снимање може да се изведе во ординација или во болнички услови, откако дебелото црево е целосно испразнето и „чисто“. За време на самото снимање, пациентот лежи на подвижна маса за снимање, а во дебелото црево во облик на клизма му се внесува радиолошки контрастно средство - раствор на бариум или јод, со цел подобро прикажување на структурите на дебелото црево, за време на изведувањето на радиолошката дијагностичка метода.[9]
Кога контрастното средство ќе се вметне во правото црево со клизма, а радиологот ќе открие дека го наполнил дебелото црево до саканата длабочина и ги направил видливи сите можни промени на дебелото црево, може да започне снимањето.[10][11][12][13]
За време на снимањето, радиологот му дава усни упатства на пациентот што тој мора да ги следи (на пр. „сврти се на десната страна!“, „не диши!“ и слично).
По прегледот, медицинската сестра му помага на испитаникот да стане од масата и го води во тоалетот, каде што треба да го исфрли целиот контраст вбризган со клизма.
Целата постапка на иригографија трае 20-25 минути.
По прегледот, нема посебни ограничувања во исхраната и однесувањето до кои пациентот мора да се придржува.[10][11][12][13] Сепак, пожелно е како мерка на претпазливост:
- неколку часа одмор,
- внесување во следните 2-3 дена доволно течност (2 литри вода на ден).
Вообичаено, во текот на следните денови внесениот бариум сулфат ќе биде исфрлен од цревата со изметот. Изметот ќе биде бело обоен во следните денови, додека не се излачи целиот бариум, а конзистентноста на столицата обично не се менува.
Remove ads
Усложнувања
Реакции на контрастно средство
Бариумот што во облик на клизма се користи во иригографијата вообичаено добро се поднесува, но одредени нарушувања во облик на алергиска реакција, болка, отекување на цревата и појава на ненадејна стимулација на евакуација на измет може да се појават кај преосетливи пациенти.[14]
Пукање на дебелото црево
Бариумската клизма е сигурна и безбедна постапка, но како и сите инвазивни тестови, можни се усложнувања, и покрај вештината и искуството на испитувачот. Најсериозното можно усложнување по давање на бариумска клизма е пукање на цревниот ѕид (со последователен перитонит). Оваа појава е доста ретка, ако се има предвид дека се јавува на една од 10.000 иригографии. По ова усложнување, неопходна е хоспитализација, а понекогаш и хируршка поправка на лезијата.
Крвавење
Заради оштетување на цревната слузница со вметнување на ректална сонда може да дојде и до мало крвавење. Како по правило, ваквите крвавења обично се решаваат спонтано.
Друго
За време на иригографијата може да се појават следниве непријатности:
- по примена на антиспазмодични лекови (на пр. бускопана) — мидријаза (заматен вид), запек, тахикардија.
Remove ads
Белешки
- Ако се планира бременост, најдоброе прегледот да се изврши во првите 10 дена од менструалниот циклус за да се избегне штетното дејство на зрачењето на евентуалната почетна бременост.
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads
