Калиум тиоцијанат

хемиско соединение From Wikipedia, the free encyclopedia

Калиум тиоцијанат
Remove ads

Калиум тиоцијанатхемиско соединение со молекуларна формула KSCN. Тоа е важна сол на тиоцијанатски анјон, еден од псевдохалидите. Соединението има ниска точка на топење во однос на повеќето други неоргански соли.

Кратки факти Назнаки, Својства ...
Remove ads

Употреба во хемиска синтеза

Водениот KSCN реагира речиси количински со Pb(NO3)2 за да добие Pb(SCN)2, кој е користен за претворање на ацил хлориди во изотиоцијанати.[2]

KSCN го претвора етилен карбонатот во етиленсулфид.[3] За таа цел, KSCN прво е топен под вакуум за да се отстрани водата. Во поврзаната реакција, KSCN го претвора циклохексен оксидот во соодветниот еписулфид.[4]

C6 H10O + KSCN → C6H10S + KOCN

KSCN е исто така почетниот производ за синтеза на карбонил сулфид.

Remove ads

Други употреби

Имитација на сечење со вештачка крв направена од железо(III) хлорид и калиум тиоцијанат.

Разредениот воден KSCN повремено е користен за умерено реалистични ефекти на крвта однсно сценската крв во филмот и театарот. Може да е нанесено на површина или да се чува како безбоен раствор. Кога е во допир со раствор на железен хлорид (или други раствори што содржат Fe3+), производот од реакцијата е раствор со крваво црвена боја, поради образувањето на комплексот тиоцијанатоирон јон. Така оваа хемикалија често е користена за да се создаде ефект на „стигма“. Бидејќи и двата раствора се безбојни, може да се постават посебно на секоја рака. Кога рацете ќе дојдат во допир, растворите реагираат и ефектот изгледа неверојатно како стигмата.[се бара извор]

Слично, оваа реакција е користена како тест за Fe3+ во лабораторија.

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads