Киријакеика
село во Кукушко, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Киријакеика (грчки: Κυριακαίικα) — село во Кукушко, Егејска Македонија, денес во општината Кукуш на областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 14 жители (2011). Ова е населба од поново време, создадена од немакедонски доселеници некаде во 1970-тите години.[2]
Remove ads
Историја
Селото е 14 км западно од Кукуш и 53 км северозападно од Солун.[3] Оваа населба е создадена во 1970-тите од доселени сточарско-земјоделски каракачански семејства и наречена по родовскиот старешина Киријакос. Симовски смета дека веројатно се работи за истите сточарски семејства кои пред Втората светска војна живееле на Кајмакчалан, во населбата Киријакови Колиби (Каливија Киријаку) над Крушоради, Леринско.[2]
Remove ads
Знаменитости
Кај Киријакеика е откриена населба праисторијата, како и остатоци од римско време, па затоа месноста во 1996 г. е прогласена за споменик на културата. Сместена е на трапезовиден рид и содржи наоди од керамика и некропола.[4]
Население
Населбата за првпат е признаена за населено место во 1981 г.[5] како нова населба со 53 жители. Бројноста на жители останала устојчива во следните десетлетија, со 54 во 1991[2] и 55 жители во 2001 г. Потоа населението почнало нагло да опаѓа, сведувајќи се на 14 жители во 2011 г.
Преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads