Козјак (Штипско)
село во Општина Карбинци From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Козјак — село во Општина Карбинци, сместено во околината на градот Штип.
За други истоимени места, погледајте Козјак.
Remove ads
Географија и местоположба
Ова мало село се наоѓа во средното сливно подрачје на реката Брегалница, во средишниот дел на територијата на Општина Карбинци.[2] Селото е рамничарско, на надморска височина од 340 метри. Од градот Штип е оддалечено 14 километри.[2]
Селото Козјак се наоѓа на северните падини на планината Плачковица, под возвишението наречено Високи Рид, крај кое тече Козјачка Река.
Селото историски се дели на две посебни маала: Горни и Долни Козјак.
Remove ads
Историја
Местото е населено уште од далечното минето. Кај некогашното маало Горни Козјак се наоѓаат рушевините на древниот град Баргала, како и зачуваната средновековна црква „Св. Ѓорѓи“.[3][4]
Во XIX век, Козјак било село во Штипската каза на Отоманското Царство.
Стопанство
Атарот е мошне мал и зафаќа простор од 3 км2. На него преовладува обработливото земјиште на површина од 186 хектари, а на пасиштата отпаѓаат 90 хектари.[2]
Селото, во основа, има полјоделска функција.[2]
Население
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Долни Козјак имало 106 жители, од кои 36 Македонци и 70 Турци, додека во селото Горни Козјак имало 40 жители, сите Турци.[5]
Според Димитар Гаџанов, во 1916 година во селото Долни Козјак живееле 60 жители, од кои 34 Турци и 26 Македонци.[6]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, во Долни Козјак имало 25 до 50Македонци, додека пак во Горни Козјак имало 25 до 50 Турци.[7]
Селото е мало по големина, коешто во 1961 година броело 221 жител, а во 1994 година имало 164 жители, македонско население.[2]
Според пописот од 2002 година, во селото Козјак живееле 147 жители, од кои 145 Македонци и 2 Срби.[8]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 106 жители, од кои 94 Македонци, 2 останати и 10 лица без податоци.[9]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[10]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[11]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]
Remove ads
Самоуправа и политика
Селото претставува дел од Општина Карбинци, која била една од ретките општини кои не биле променети по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото исто така се наоѓало во Општина Карбинци.
Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Штип. Селото припаѓало на некогашната општина Штип во периодот од 1957 до 1965 година. Во периодот од 1955 до 1957 година селото се наоѓало во рамките на тогашната општина Радање.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Карбинци, во која покрај селото Козјак, се наоѓале и селата Аргулица, Бурилчево, Караорман, Карбинци, Кучичино, Припечани, Руљак, Таринци и Црвулево. Селото било дел од некогашната Општина Аргулица во периодот 1950-1952, во која влегувале селата Аргулица, Бурилчево, Карбинци, Козјак, Кучичино, Припечани, Руљак и Црвулево.
Избирачко место
Во селото се наоѓа избирачкото место бр. 2319 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на приватна куќа.[14]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 119 гласачи.[15]
На парламентарните избори во 2020 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 116 гласачи.[16]
Remove ads
Културни и природни знаменитости

- Археолошки наоѓалишта[17]
- Горни Козјак
- Бандера — каструм од римското време
- Црква Св. Ѓорѓи — средновековна црква со некропола
- Долни Козјак
- Баргала (Кале — градиште) — утврдена населба од доцноантичкото време и епископски центар
- Кадин Рид — осамен објект од римското време
- Лскач — вила рустика од доцноантичкото време
- Нива на Стојко Тодоров — објект од римското време
- Турски Гробишта — објект од римското време
- Цркви[18]
- Црква „Св. Ѓорѓи“ — главна селска црква
- Реки[19]
- Козјачка Река — поминува низ селото, притока на Брегалница
Remove ads
Галерија
- Спортско игралиште во селото
- Куќа во селото
- Стара продавница
- Куќи во селото
- Лулашки и селска чешма
- Улица во селото
- Срушена куќа во селото
- Селска чешма
Наводи
Поврзано
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads